Овој текст е дел од серијата 52 бесплатни лекции за Дигитален маркетинг напишани од експерти. Регистрирај се и добивај по една лекција неделно, директно во твоето e-mail сандаче.

Во време кога сме преплавени со информации, нашето e-mail сандаче сè уште е под наша контрола.

Луѓето кои спаѓаат во категорија busy professionals го знаат тоа, па така ги контролираат информациите кои сакаат да ги апсорбираат. Во денешно време можеш да бидеш subscribed за newsletter-и од твоите омилени продавници, кафичи, медиуми, па сè до големи компании или институции. Едноставно функционира. А од друга страна алатките за дизајнирање и испраќање мејлови се попрактични и поедноставни од било кога.

Како да започнеш со подготовка на еден њузлетер

  • Прво, запрашај се која е целта на мејлот. Што сакаш да постигнеш, т.е која е твојата порака?
  • Вториот чекор е наслов – како ќе посакаат оние на кои им го испраќаш, да го отворат? Насловот треба да биде интересен, ама да не открива премногу.
  • Каков ќе биде дизајнот? На кој начин ќе ја воодушевиш твојата публика и ќе ја мотивираш да ја направи посакуваната конверзија? (продажба, посета на екстерен линк итн). Провери како ќе изгледа и на мобилен, сепак поголемиот дел од твојата публика има смартфон.
  • На која листа ќе го испратиш, т.е која е публиката на која сакаш да и се обратиш?

За ова ќе треба пола саат ?

Еве добар пример:

Тема на овој њузлетер е нова понуда од компанијата Headspace. Но насловот не открива премногу па гласи: Last chance for a calmer year. Ние, дефинитивно би го отвориле! Следно, дизајнот е одличен. Нема премногу детали и текст, а те носи на главната работа што треба да ја направиш – click subscribe! Ова е универзална информација за сите корисници на оваа услуга, па сигурно Headspace би ја испратиле на целата база на лидови.  

Како да се инспирираш за твојот следен њузлетер

На Behance ќе ги најдеш сите моментални трендови за дизајн. Ќе најдеш инспирација за бои, комбинации, форми. На reallygoodemails.com најди ги сите најдобри newsletter-и некогаш пратени, и тоа поделени по категории. Додека во сандаче убаво ќе ти дојде од време на време да добиеш мејл од 99u и TheOutline па нека биде првата препорака за њузлетер subscription за тебе!