Мила Миливоевиќ: Криптовалутите се како вовед на книга кој те тера да ја прочиташ цела, иакo фалат страници!

Ако сè уште наоѓаш изговори дека немаш време за работите што сакаш да ги правиш, запознај ја Мила Миливоевиќ. Нејзината енергија нè освои на курсот за Bitcoin и криптовалути, па решивме да ви споделиме неколку корисни информации од нејзина перспектива.

Мила, кажи ни нешто повеќе за тебе!

Енергијата и желбата за нови предизвици ми креираа динамичен стил на живот. Имам бенд, Chill Play, во кој сум lead вокал, студирам е-бизнис, момeнтално работам social media маркетинг, а слободното време целосно го посветувам на пријателите и добрите журки. 😀
Можеби изгледа хаотично, но 3 работи, кои најмногу ме интересираат, ги поврзуваат овие различни полиња: дигиталниот свет, новите технологии и однесувањето на луѓето.

Беше дел од програмата за Bitcoin и криптовалути. Што те привлече најмногу? Колку беше запознаена со темата пред курсот?

Прв пат кога слушнав за криптовалути и биткоин, целата „приказна“ ја замислував само како онлајн тргување со фиктивни валути. Ми делуваше многу досадно и не се трудев да им посветам внимание се до едно предавање на Мартин на факултет за криптоекономија. Тој час беше како вовед на книга кој те остава без здив и те тера да ја прочиташ цела, ама и’ недостасуваат многу страници.
Тогаш ми се појави желба да дознаам нешто повеќе за криптовалутите. Но, набргу сфатив дека има многу информации кои не се веродостојни и тешко се наоѓаат релевантни извори за читање на оваа тема. Насекаде се зборува за криптовалути и од толку многу различни информации што дојдоа до мене веќе не знаев што е вистина, а што „пуштен муабет“.
Кога излезе курсот Bitcoin и криптовалути бев изненадена што некој се нафатил да ги скоцка фактите за криптовалутите во една целина и без размислување се пријавив уште првиот ден.

Koj ти беше најголемиот мит пред почетокот на предавањата со Мартин?:) Се смени ли?

Како и повеќето луѓе, мислев дека многу наскоро биткоинот ќе биде стабилна валута и со него ќе можеме да си купуваме се’ што сакаме онлајн и со истата валута ќе можеме да си пазариме низ цел свет без никакви проблеми. Но, работите не биле баш така.

Суштината на криптовалутите е многу поголема и Blockchain како технологија е многу комплициран, кој отвора врата за нови решенија на различни проблеми.

Мартин ни објасни како функционира Blockchain, како се „копа“, зошто има други криптовалути, зошто се различни од биткоинот и како се одредува нивната вредност. И да, полесно е да одлучиш дали да иневстираш откако ги знаеш овие работи.
Од друга страна, она што мене повеќе ме привлече, е техничкиот аспект. Многу луѓе инвестираат, вложуваат напор, експериментираат за подобрување и надоградување на оваа технологија. Се бараат решенија за секојдневни проблеми со директна размена на информации во секојдневниот живот, во бизнисот, во банките па дури и во државни институции.

Како наједноставно ја сфаќаш оваа технологија?

Искрено, долго време размислувам како да ја објаснам и си дадов предизвик да пробам да ја објаснам во една реченица.
Табела во која се чуваат сите валидирани трансакции во вид на шифра, која се наоѓа во „облак“, нема централно регулаторно тело, што значи секој може да ја прегледува, чува и дополнува.

За што се ќе ти биде корисно знаењето од оваа тема?

Реално уште никој не знае за што се’ во иднина ќе можеме да го искористиме знаењето од оваа тема. Многу често ми доаѓаат чудни бизнис идеи на памет, може наредната ќе биде базирана на Blockchain. Ќе ми биде предизвик да ја реализирам.
Who knows… Можеби целата музичка индустрија ќе се промени со користење на Blockchain. Нема да постојат посредници помеѓу артистите и фановите, како iTunes, и песни ќе се купуваат директно од артистот. Можеби и драстично ќе се намали пиратеријата.
Можеби и албумите на Chill Play ќе бидат достапни на овој начин… со чиста заработка 🙂

Идни планови на кариерен план?:)

Многу имам. Не знам од каде да почнам, а веќе стигнавме до крајот ☺

 

За следниот курс за Bitcoin и криптовалути можеш да се регистрираш тука.

%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%bc%d0%b0

Related Stories For You

Како до 1.000.000€? 🤫