Овој текст е дел од серијата бесплатни лекции од Brainster во категоријатa Кариера. Регистрирај се за уште 60 бесплатни лекции за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.
Фразата „да се продадеш на работодавецот“ е малку сомнителна, нели? Што всушност значи тоа? Се продаваш себеси или услугите? Се продаваш себеси преку услугите? Нудиш услуги со убедување колку си ти добар? Глупости!
Како да се докажеш дека си добар кандидат за позицијата?
Прво, не моли! Не е поентата да звучиш како по секоја цена да сакаш да се вработиш таму. Тоа е најчеста грешка што ја прават кандидатите за вработување. Не се потценувај, не ветувај премногу и не прифаќај секакви услови. Можеби на почеток нема да ти биде понудена огромна плата и којзнае какви бенефиции, но мора да се почне од некаде. Дознај колкава е минималната, а колку просечната плата за тоа работно место. Дознај како почнале другите кои работат на иста позиција. Тоа ќе ти помогне да си направиш некоја генерална слика кон што треба да се стремиш во поглед на финансии.
Повеќето од нас не знаат како се продава. Продавањето го сфаќаме како убедување некој да го купи производот, а тоа не е точно.
Во случајот кога ти си производот, не треба да зборуваш само за тебе.
Фино е да се опишеш во две реченици и да кажеш кое е твоето искуство во таа област. И толку! Компанијата не сака да слуша како се фалиш. Сака да слуша за тоа како може да помогнеш за да стане подобра. Претходно искуство нема да штети, но не е неопходно. Важно е да имаш идеи и да знаеш како да ги презентираш.
Дај конкретни примери.
Направи истражување за компанијата и најди некој нов креативен начин како да ја подобриш. Дознај во што се најслаби и објасни им што би направил ти доколку работиш таму, дај им breakthrough идеи. Одбери нешто што навистина би и значело на компанијата доколку ти можеш да го подобриш. Не се фиксирај на ситни проблеми. Цели на нешто големо. Тебе те гледаат како инвестиција. Затоа решението за проблемот треба да им заштеди повеќе или барем колку твојата плата на годишно ниво, инаку и нема некоја поента да те вработат, нели?
Потруди се презентацијата да ти е одлична и биди самоуверен. Не мора до тој степен како светот да е твој, но звучи како да веруваш дека можеш да го смениш светот.
Прашувај и слушај.
Многу луѓе ги фаќа трема на интервју за работа и оплескуваат поради тоа! Не биди од тие луѓе! Не заборавај дека тој што ти го прави интервјуто е човек и најверојатно и тој самиот некогаш седел на другата страна на бирото. Биди природен и не претерувај со зборење. Наместо тоа, прашувај! Заинтересирај се за фармата, прашај се што те интересира. Работно време, начин на работа, структура на фирма, како изгледа еден работен ден, која е мисијата на компанијата… Прашај сѐ што те интересира. Колку повеќе прашуваш толку подобро. Сепак, нека бидат интелигентни прашања, не само колку да прашаш нешто. Со тоа ќе оставиш впечаток дека си сериозен и добро упатен кога станува збор за работа и договори, а од друга страна нема да имаш трема бидејќи нема да си ти тој што одговара на рандом прашања. За да изгледаш профи размисли што би прашал пред почетокот на интервјуто. Можеш дури и да си ги запишеш прашањата.
Во глобала тоа е тоа! Со среќа на следното интервју!
PS. Доколку навистина ги земеш предвид овие совети, можеш да ни дадеш и повратна информација како си поминал на интервјуто!
Што сакаш да научиш следно? Одбери ја темата која сакаш да ја истражиш, и со брза регистрација стигни до 60 бесплатни лекции кои ќе ти пристигнат на е-mail.
Платформата Brainster лекции произлезе од неколкумесечната едукација преку работа на реални проекти на нашите студенти. Учесниците од Академијата за програмирање и учесниците од Академијата за маркетинг ја креираа оваа алатка преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.