Како да почнеш да работиш без работно искуство?

Овој текст е дел од серијата бесплатни лекции од Brainster во категоријатa Кариера. Регистрирај се за уште 60 бесплатни лекции за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.
Многу пати се случува работата што ја имаме да не ги задоволува нашите очекувања и потреби. Сакаш да започнеш нова кариера, но немаш познавања и искуство од друга област?
Продолжи да читаш!
1. Замисли си ја сликата за совршен кандидат
Кога ја менуваш кариерата најверојатно не знаеш ништо и си тотален почетник. Тоа е супер, колку и да не звучи така. Види го job description-от. Дознај што треба да знае идеалниот кандидат и какви сѐ skills мора да има за позицијата која ја посакуваш. Почни да учиш, да се надоградуваш и фокусирај се на најважните елементи. Стани личноста која и е потребна на компанијата и нагласи го тоа. Завршен степен на образование не е неопходно – секој би те вработил ако покажеш вештини, а не само диплома. Има многу примери за луѓе што ја промениле својата кариера и без воопшто работно искуство нашле работа во струката што ја сакаат.
2. Стапи во контакт со луѓе кои ја имаат сменето професијата
За полесно да ги исполниш очекувањата на компанијата што сакаш да те вработи, најди некој што го има направено истиот чекор. LinkedIn е одлична платформа каде што можеш да пребаруваш луѓе според нивната професија. Контактирај ги и доколку прифатат да зборуваат со тебе, замоли ги да ти објаснат што направиле за да стигнат до таму.
3. Nailing The Basics (On The Cheap)
Читај книги, истражувај, запиши се на курс, тестирај си го знаењето.
Книгите ќе ти помогнат да го сфатиш основните концепти на твојата идна професија. Многу е лесно да се најдат бесплатни книги, case studies од познати, успешни луѓе и e-books! Можеш да видиш кои се трендинг книги на Product Hunt.
Со читање стручна литература минимумот е да добиеш генерална слика. За се стекнеш со actual skills запиши се на некој курс или оди на пракса. Преку интерактивно работење на соодветните вештини за твојата професија ќе научиш на што конкретно треба да се фокусираш.
Најди добри, релевантни блогови на кои секојдневно се објавуваат актуелности на темата што те интересира. Направи subscribe и биди во тек!
4. Најди некој што ќе ти плати за твоите нови вештини
Да, точно! Кога веќе ќе имаш теоретско знаење, премини на практична примена. Притоа најди начин да ги уновчиш и усовршиш твоите вештини! Не ти треба огромна мрежа од контакти. Всушност, не ти требаат воопшто контакти – ќе стекнеш со тек на време. Тоа можеш да го направиш преку сајтови за freelance тезги. Имаш слушнато за upwork?
Ако не сакаш да работиш преку вакви платформи, понуди ги твоите услуги на некој кој го знаеш. Во секој случај, пласирај се на пазарот!
5. Дефинирај си ја таргет групата
Нормално е на почетокот да не знаеш како. Можеби ќе правиш и погрешни проценки. Но со тек на време ќе научиш како правилно да ги одбираш клиентите.
6. Направи си timeline
Кога си нов во некоја струка, мораш да се вложиш максимално за да успееш. Организирај си го времето за да ги завршиш сите обврски. Одвои по минимум 1.5 час секој ден (и за викенд!) за да научиш нешто ново. Запишувај си ги обврските и ставај си потсетници за да не заборавиш нешто. Не заборавај и да се забавуваш додека работиш, бидејќи може да биде многу напорно!
7. Пронајди ги првите клиенти
Најди e-mail адреса или телефон и договори состанок. Ти си производот кој треба да го продадеш на таа средба, па подготви се добро. Разгледај го сетапот на компанијата (веб станата, профилите на социјалните медиуми, контентот). Прочепкај подлабоко и види кои се проблеми ги има компанијата. Лоцирај 2-3 проблеми и понуди решение. Не се фаќај за ситни недостатоци. Цели на нешто големо, што навистина може да и смени доста на компанијата. Објасни го потенцијалниот бенефит кој ќе го имаат доколку те вработат токму тебе! Потенцирај дека дури и да не те вработат, може слободно да ги присвојат твоите идеи.
Следен чекор? Нема! БАМ! ВРАБОТЕН СИ! Ако не те примат првата компанија во која ќе пробаш, не се разочарувај и не се откажувај. Ако ова го направиш во 5 компании, од 2 ќе ти се јават за повторна средба.
Yup. You’re welcome!
Што сакаш да научиш следно? Одбери ја темата која сакаш да ја истражиш, и со брза регистрација стигни до 60 бесплатни лекции кои ќе ти пристигнат на е-mail.
Платформата Brainster лекции произлезе од неколкумесечната едукација преку работа на реални проекти на нашите студенти. Учесниците од Академијата за програмирање и учесниците од Академијата за маркетинг ја креираа оваа алатка преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.