Иако втора работилница дента, Кристина Фостер доста енергично успеа да сподели дел од нејзиното долгогодишно искуство како професонален контент маркетер. Два и пол часа можеби изгледаат како прекратко време за тема која е толку обемна, но за искусен storyteller како Кристина тоа изгледа како работа без преголем напор, што не е чудно бидејќи таа самата цел живот раскажува приказни. Прво како новинар, на почетокот на нејзината кариера, а потоа како контент маркетер работејќи со клиенти како Nivea, Labello, WWF и Red Bull.

Во големата сала во Brainster, во Дебар Маало, останавме после предавањето да позборуваме уште малку на темата. Иако таа е доста обемна, сепак се одлучивме да се задржиме на пет прашања за интервјуто, а остатокот од муабетот го продолживме во Кантина ?

Како некој што работи контент маркетинг долго време, претпоставувам веќе ја знаеш целата негова позадина. Дали мислиш дека тој од секогаш бил суштината на маркетингот?

Речиси. Особено ако погледнете постари реклами како оние на Benetton, познатиот бренд на облека, ќе забележите дека во осумдесетите тие биле доста провокативни, раскажале толку многу користејќи само слики. Тоа е навистина фасцинантно (импресивно, ама многу го мразам зборов). Така што, да, мислам дека контент маркетингот е суштината, иако тоа делумно се променило во осумдесетите и деведесетите кога се појавиле сите маркетинг агенции и во главен фокус биле интересните слогани. Што пократки, тоа подобро. И луѓето биле многу платени само за да ги креираат и смислуваат овие слогани. Но, кога се појави онлајн светот, тоа се смени.

Кратките слогани повеќе не поминуваа успешно бидејќи се бараше нешто повеќе. Во смисла на ова, со тек на време знаењата се развија и сега во главен фокус е раскажувањето на приказната на брендот. Мислам дека тие многу подобро го правеле тоа од нас кои денес имаме стотици различни опции.

Како што знаеш, кај нас доаѓаат многу млади луѓе за да научат маркетинг. Што би ги советувала оние кои би се бавеле со контент маркетинг? Од каде да почнат, на каде да се движат? Раскажи ни како почна ти?

Јас започнав со делот за storytelling, што е за мене голема предност бидејќи моментално тоа е во ек. Започнав како новинар. Веќе на 8 години знаев дека сакам да бидам новинар, не сакав да бидам ниту принцеза ниту било што друго. Само сакав да бидам новинар и навистина се посветив на тоа.

Кога имав околу 19-20 години почнав да работам, односно да волонтирам во дневен весник за економија. Но не го работев тоа долго бидејќи често грешев со бројките и не беа баш задоволни од мене. Јас бев поеќе креативен тип на личност. Но сепак продолжив да работам како новинар следните 9 години, со тоа што storytelling-от и пишувањето ми беа секогаш во главен фокус бидејќи тоа е она што сакам да го правам. Јас имав среќа, би рекла.

Но она што би го споделила со сите млади е нешто во кое јас навистина верувам, односно дека сите имаат приказна за раскажување и секоја приказна е добра, бидејќи е нивна, лична.

Исто така би им препорачала да бидат природни. Во онлајн светот се бара некој кој е свој, индивидуа, автентичен. Така што, би ги советувала да се фокусираат на пораката која што сакаат да ја пренесат и да прават се’ во свое време. И последно, да знаат дека е во ред ако некогаш не успеат. Толку грешки имам направено во мојата кариера, во контент маркетингот исто така, што сите тие на некој начин те носат на некое ново ниво. Секој пат е ужасно, жал ми е, но сметам дека е многу битно да ги направат тие грешки за да научат.

 

 

Во твоето предавање кажа дека контентот треба да информира, а приказната да инспирира. Кое повеќе сакаш да го работиш?

Дефинитивно повеќе сакам да работам на приказната. Но повторно ќе кажам, мислам дека имам среќа бидејќи сум креативна личност и секогаш сум сакала да раскажувам приказни. Обожувам да истражувам, да креирам, да размислувам отворено. Сакам и да пишувам бидејќи долго работев како новинар, но веќе се поретко го правам тоа. Повеќе се фокусирам на делот со креирање и градење стратегии и постигнување на целта со избор на правите канали за споделување на контентот, нивно поврзување и доведување до некое следно ниво. По 15 години искуство, денес како контент маркетер, ова најмногу уживам да го работам.

На кој начин смислуваш идеи и се инспирираш? Имаш одреден чекор-по-чекор процес или едноставно оставаш умот да те одведе каде сака?

Брејнсторминг. Навистина. Да, досаден одговор, но тоа е вистината. Ако треба да бидам професионална, тогаш целта ми е да завршам што подобра работа. Сакам да бидам креативна и мислам дека сум, но не секогаш ги имам најдобрите идеи. Тоа е невозможно. Сите имаат добри и лоши денови и некогаш идеите доаѓаат од луѓе кои не се експерти во областа бидејќи имаат целосно различен mindset и слободен ум и им текнуваат идеи околу кои навистина можам да изградам добра приказна.

Можеби можам да споделам еден пример соодветен на твоето прашање. Работев за IT компанија која продаваше опрема за конференции со која се чувствуваш како да си во конференциска сала, а не на екран. Тоа беше многу технички напредна опрема, но истата така е и софтвер. Ја побараа мојата со помош со цел поразлично да се позиционираат на пазарот на поразличен начин од нивните конкуренти, кои се пресериозни, суви, монотони. И тогаш седнавме и размислувавме, и размислувавме. Смисливме 3-4 идеи но ниту една не беше тоа-тоа. Отидовме на вечера и некој спомена дека ко-основачите на компанијата се љубители на мачки. Имаат две и константно зборуваат за нив. Ајде некако да ги вметнеме нив во приказната. Тогаш јас предложив да сработиме фиктивен карактер кој ќе биде мачка со име Др. Фринк, како што се вика компанијата. И така, Др. Фринк на забавен начин ги водеше сите низ сувопатниот комерцијален контент објаснувајќи им на корисниците се што треба да знаат. Тоа е нешто во кое навистина уживав додека го создавав.

Рече дека претходно си работела како новинар. Дали мислиш дека маркетингот на некој начин го уништува новинарството?

Да. Го уништува. Навистина е тажно. Работев како новинар во време кога се уште беше нормално новинарите да имаат буџети за патување и да бидат доволно креативни. Работев во списание за кое креиравме 15 станици содржина на високо квалитетна хартија, прекрасни фотографии.. Беа убави времиња. Но ниеден од тогашните новинари, денес не се занимава веќе со тоа, бидејќи новинарите се малку платени, па сите најдоа друг пат. Дневниот весник е единствениот што се уште опстанува до денес.

Се помалку од моите пријатели се занимаваат со новинарство, затоа што мораат. Цената на принатните весници опаѓа поради доминантноста на онлајн медиумите денес. Новинарите се се помалку платени поради фриленцери кои прифаќаат да работат за пониски цени. Затоа, искрено ти кажувам дека воопшто не ми беше тешко својата новинарска кариера да ја заменам со кариера во маркетинг. За мене преоѓањето беше лесно, бидејќи новинарството ми здосади. Но за неколку мои пријатели беше навистина голем проблем. Им беше тешко. Сметам дека тој тренд каде што новинарите преминуваат во маркетинг, е навистина тажен.

 

Гостувањето на Кристина Форстер беше дел од нашите напори, покрај редовните предавачи на академиите во Brainster, секогаш да имаме и гости предавачи од земјата и странство, експерти во својата област. Целта на овие работилници е проширување на знаењето стекнато на академијата и networking. Учесниците на Академијата за дигитален маркетинг имаа можност да се запознаат со основите на контент маркетинг, што е потребно за правење на една контент стратегија и како се одбира соодветен тип на содржина. Но пред сѐ имаа можност од прва рака да слушнат искуства, совети и да поставуваат прашања.

Уписите на нова генерација на Академија за дигитален маркетинг се во тек. Целата програма на академијата можеш да ја видиш тука.

Како до 1.000.000€? 🤫