Овој текст е дел од серијата бесплатни лекции од Brainster во категоријата Growth Hacking. Регистрирај се за уште 60 бесплатни лекции за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

Growth hacking не е полесен метод од традиционалните growth методи, но е поефективен.

Многу од успешните компании се служат со овој метод. Доста ново формирани компании така успеале да прераснат во светски познати компании.

Сигурно веќе знаеш што е тоа. Но, дали знаеш како да смислиш growth hack кој ќе ти донесе брзи резултати со малку буџет? Да, да има и маркетерска верзија на writers’ block.

Еве ти неколку извори од кои ќе се инспирираш и ќе ја генерираш твојата следна голема идеја за раст:

BAMF BIBLE

inspiracija za growth hack

Книгата содржи 25+ актуелни хакови со кои се служеле компаниите во 2017 година. Теоретски и со примери објаснува како чекор по чекор да собереш читатели, како да направиш успешен launch и како потоа да ги држиш заинтересирани претплатниците.

Fun fact: Авторот, Josh Fecher, ги има применето објаснетите техники при објавувањето на книгата и за 9 дена има собрано 4000 нови претплатници.

Growth-Hackers

inspiracija za growth hack

На блогот ќе најдеш стратегии кои со кои ќе можеш да го хакнеш растот на твојот бизнис. Покрај тоа, има и ресурси за дигитален маркетинг, основи за претприемништво, како се започнува startup итн. Го водат луѓе кои се експерти во ова поле. На едноставен начин ги објаснуваат сите работи кои треба да ги знаеш. Твое е да читаш и да брејнстормаш!

Блогот на Јohn McElborough

inspiracija za growth hack

John McElborough е фаца во светот на маркетингот. Освен што е успешен маркетер, води и блог на кој ги кажува „тајните“ за успешно работење. За growth hacking има напишано статија во која дава 51 пример за стратегии и техники, искористени од, според него, најиновативните и најинспиративните компании денес.

 

Што сакаш да научиш следно? Одбери ја темата која сакаш да ја истражиш, и со брза регистрација стигни до 60 бесплатни лекции кои ќе ти пристигнат на е-mail.

Платформата Brainster лекции произлезе од неколкумесечната едукација преку работа на реални проекти на нашите студенти. Учесниците од Академијата за програмирање и учесниците од Академијата за маркетинг ја креираа оваа алатка преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

biznis razvojhttp://lekcii.brainster.co/