Овој текст е дел од серијата бесплатни лекции од Brainster во категоријата Маркетинг. Регистрирај се за уште 60 бесплатни лекции за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

 

Размисли за најиновативните водечки индустрии во светот: Можеби мислиш дека успехот го предвиделе уште пред да започнат. Но, вистината е дека нивните продукти се родени од експериментирање со идеи кои тогаш изгледале лудо. Не верувале на конвенционалните “мудрости„ затоа што големиот успех се наоѓа во просторите наречени blue oceans.

Па, што е твојот следен чекор? Сакаш да го прошириш бизнисот во нова област? Планираш да започнеш нов бизнис? Или сеуште не сакаш да ја напуштиш удобната работа, но се обидуваш да најдеш нешто “на страна“? Мислиш дека не можеш?

Знаеш дека некои од најпознатите бизниси во светот се толку успешни токму поради нивните side projects? Во следните примери, ќе најдеш инспирација за твојот следен голем проект!

Brainster

Добар начин да ги држиш твоите следбеници ангажирани е да им помогнеш да бидат успешни во работата. Side Project-от Brainster.io е колекција од 250+ бесплатни алатки за поуспешна кариера во маркетинг, стартап, дизајн, кодирање, UX/UI и продуктивност. Го направивме за два дена, а примарната цел беше да креираме продукт кој ќе и даде вредност на заедницата. Оваа платформа им користи секојдневно на илјадници Tech вработени, кои на едно место можат да најдат се’ што им треба.

Meet Walter

Ајде да зборуваме за креативни начини за промовирање на филм! Маркетинг тимот на филмот Alien: Convenant решиле да одат со side project. Сајтот meetwalter.com ти овозможува да креираш твој персонален андроид наречен Walter, кој ќе го поседуваш само ти (во виртуелниот свет, секако). На сајтот можеш да си одбереш каков тип на Walter сакаш и да го споделиш на социјалните мрежи.

 

Unsplash

…ги искористиле вишокот фотографии кои ги направиле за својата Landing страна. Така е изградена најдобрата платформа за бесплатни фотографии. Кога Канадскиот стартап Crew, ангажирал професионален фотограф за да им направи неколку фотографии за нивната Landing страна, тој им направил повеќе отколку што можеле да искористат. Наместо да ги остават на Hard Drive, ги ставиле на интернет локација, бесплатно. Подоцна со еден вирален пост на Hacker News, фотографиите биле симнати над 50.000 пати. Денес, Unsplash e домаќин на десетици илјади прекрасни фотографии кои се бесплатни за преземање.

 

Slack

Платформата за претпријатија и деловна комуникација која денес вреди милијади, на самиот почеток воопшто не била поврзана со бизнис. Основачот, претходно имал голема желба да направи oнлајн игра. Работејќи на тоа цела декада, неговата игра никогаш не ја видела светлината. По успешното создавање на side project-от Flickr кој го продаде на Yahoo, решил да се обиде со малата алатка која неговиот тим ја изградил за внатрешна комуникација. Оваа мала алатка стана најбрзорастечки стартап и достигна вредност од една милијарда долари за само 1,5 година.

Planio

Добра причина за да се започне Side project е да изградиш продукт кој е потребен за твојот бизнис. Компанијата Launch, барајќи подобар начин за справување со комплицираните клиенти, изградија нивна платформа, користејќи сопствена верзија на Redmine софтвер со отворен код. Тоа и помогна на компанијата да остане на вистинскиот пат, па дури и нивните клиенти се приклучија на работниот тек.  Денес, таа алатка се вика Planio и обезбедува повеќе од 1.500 корисници, а е најголем институционален соработник во проектот Redmine за слободен софтвер.

 

Што сакаш да научиш следно? Одбери ја темата која сакаш да ја истражиш, и со брза регистрација стигни до 60 бесплатни лекции кои ќе ти пристигнат на е-mail.

Платформата Brainster лекции произлезе од неколкумесечната едукација преку работа на реални проекти на нашите студенти. Учесниците од Академијата за програмирање и учесниците од Академијата за маркетинг ја креираа оваа алатка преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.