Запознај ја Бранкица Јаневска – Dream Team студент на Академијата за човечки ресурси за месец март 2023.
Име и презиме: Бранкица Јаневска
По професија: Дипломиран филолог по англиски јазик и книжевност.
Академија: Академија за човечки ресурси
Зошто баш оваа област: Ја сакам работата со луѓе и тоа го правам веќе две децении. Можноста да направам позитивен импакт во нечиј живот или да помогнам на каков било начин е тоа што ме води. Дополнително, во секторот за човечки ресурси секогаш се движите меѓу она што е добро за компанијата и што е добро за вработените кои работат таму. Да се изгради тој мост и да се најде добар баланс во тоа секогаш претставувало предизвик за мене.
Што те мотивира постојано да учиш: Желбата да се развивам на личен и професионален план.
Најинтересна работа што ја имаш научено на Академијата: Не би можела да издвојам нешто навистина, секој час и секоја дискусија е можност да се научи нешто ново и интересно.
Омилен модул и зошто: Секој модул си има своја тежина и значење, но мене отсекогаш ме привлекувале обука и развој на вработени, како и менаџмент на перформанси. Образованието е причината поради која се развиваме како вид. Тоа ни ги отстранува границите и ја отвора вратата за нови можности. Во свет кој постојано се менува, учењето и развојот ги одржуваат вработените во тек и истовремено ја зајакнуваат организациската култура. Управувањето со перформансите пак има за цел, преку учењето и искуствата да ги води вработените кон напредок и поголема ефективност.
Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Викторија Дамчевска и Александра Тасевска, поради емпатичниот пристап пред сè, забавните интерактивни предавања, како и несебичното споделување на дополнителни материјали кои би ни помогнале многу во работата.
За 5 години сакам да бидам: Learning and Development specialist
Хоби: Медитација, читање книги, возење велосипед.
Омилена книга: The ocean at the end of the lane од Neil Gaiman
Омилен цитат: “If you resist change, you resist life.”
Уписите за следната група на Академијата за човечки ресурси се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!