Запознај ја Миа – Ивана Митровска  – Dream Team студент на Академијата за човечки ресурси за месец април 2023.

 

Име и презиме: Миа – Ивана Митровска

По професија: Менаџер за туризам

Академија: Академија за човечки ресурси

Зошто баш оваа област: Повеќе од 5 години работев на позиција Офис-менаџер, која по природа е продолжена рака на одделот за човечки ресурси. Ова секако важи за помали компании каде групирањето на обврски и преклопувањето на организациски единици е многу честа појава. Во една таква функција и поставеност, добив можност да бидам дел од процесите на човечки ресурси и да се пронајдам во областа.

Ценам дека човечки ресурси има клучна улога во успешноста и зреењето на една компанија, преку градењето на организациската култура, развојот на вработените, подигнување на свеста, менаџирање на пулот на таленти, експерти, менаџери и лидери, како и насочување на сите вработени кон визијата и мисијата на таа компанија. Зад сите наведени бенефити во компанијата, стои HR, односно има главна водечка улога, а кој не би сакал да биде дел од таа клучна улога.

Што те мотивира постојано да учиш: Живееме во многу динамичен свет, свет во кој се измислуваат други светови (МЕТА), се креираат нови димензии, продукти и решенија. Комфорната зона повеќе ко да не постои, и новиот мајндсет нè води кон континуирана надградба на нашите знаења, вештини и лидерство. Си поставувам нови цели, во согласност со модерните текови на индустријата, кои ме мотивираат да бидам во тек дури и понапред од моменталната ситуација во која се наоѓам. 

Најголем мотив ми даваат луѓето околу мене, оние најблиските кои секојдневно ме воодушевуваат со своите достигнувања, така ми даваат мотивација и јас да дадам сè од себе за да ја постигнам саканата цел.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Навистина уживам во материјалите и Live часовите, има доста интересни теми и секако интересни искуства како од инструкторите, така и од колегите студенти. Тука би го одвоила модулот за “Recruitment, selection and onboarding“, каде што ни беа прикажани доста алатки за полесно регрутирање и пребарување на кандидатите и секако навлеговме подлабоко во LinkedIn пребарувањето.

Омилен модул и зошто: Морам да признаам дека сите модули ми беа интересни, секој си носи своја важност и еден без друг не би можеле. Би ги издвоила модулот “Employee Training, Learning and Development“, како и “Employee Performance Management“, според мене два доста интересни модула кои сметам дека секоја компанија треба да ги практикува. 

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Инструкторите се одлични, како и материјалите кои ги споделуваат со нас. Сепак, Викторија Дамчевска ми остави најголем впечаток. Live часовите и беа структурирани на проактивен начин, имаше доста интересни и многубројни case studies на кој навистина немаше погрешен одговор со што нè мотивираше да се вклучуваме во дискусијата. Исто така уживав во илустрациите. 

За 5 години сакам да бидам: Како што наведов, иако сум во нова работна средина, веќе неколку години се стремам да растам и еволуирам во полето на човечки ресурси. Тој стремеж, со посветеност, многу работа и личен развој, се надевам дека ќе го претворам во реална позиција од повисоките редови во човечки ресурси.

Хоби: Слободното време го поминувам во прошетки и патувања со семејството или пријателите, читање на книги, фитнес фрик и секако музика. Голем обожавател сум на филмови и никогаш не пропуштам добар филм, заедно со син ми уживаме во Марвел филмовите.

Омилена книга: Немам омилена книга, некоја што би ја читала повеќе пати, но би ги спомнала “The girl you left behind“, „Пчеларот од Алепо“ и „Патник 23“ или премногу ме расплакале или ме оставиле без зборови, а можеби и двете. 🙂 

Омилен цитат:We are not victims of our situation. We are the architects of it.“

 

Уписите за следната група на Академијата за човечки ресурси се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!