Овој текст е дел од серијата бесплатни лекции од Brainster во категоријата Growth Hacking. Регистрирај се за уште 60 бесплатни лекции за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.
Сега веќе сигурно имаш претстава како функционира целиот овој Growth Hacking. Ова е еден едноставен Framework кој ќе ти помогне да ги комплетираш процесите до крај.
#1 Чекор
Собери идеи. Започни од целите кои сакаш да ги оствариш, и разработи неколку идеи околку нив. Не значи дека од прва ќе ти успее. Понекогаш идеите ги има на интернет – што е поудобната варијанта. А понекогаш ќе треба и сам/а да дојдеш до решение кое ќе биде твојот билет за месечината. Не заборавај да ги чуваш сите идеи, не знаеш што се крие во иднината!
#2 Чекор
Рангирај ги идеите. Само затоа што имаш 10 хакови на маса не значи дека сите треба да ги направиш. Под претпоставка дека времето е твојот најограничен ресурс во моментов, треба да одлучиш кое решение има најголем приоритет и обратно – кој нема.
#3 Чекор
Направи ги потребните експерименти. Замисли да го изодиш процесот до крај и да сфатиш дека нема да функционира. Испробај, ама направи Baby steps.
#4 Чекор
Работа. Работа. Работа. Па нормално! 🙂 Ако е хак, не значи дека по автоматизам се прави со еден клик. Вообичаено секој GH е комбинација од неколку операции, па имај максимална концентрација за да ти функционира беспрекорно.
#5 Чекор
Анализирај. Ако не ги анализираш и проучуваш резултатите, земи го целиот маркетинг, згужвај го, и фрли го од прозор. Еве на пример ROMI.
Што сакаш да научиш следно? Одбери ја темата која сакаш да ја истражиш, и со брза регистрација стигни до 60 бесплатни лекции кои ќе ти пристигнат на е-mail.
Платформата Brainster лекции произлезе од неколкумесечната едукација преку работа на реални проекти на нашите студенти. Учесниците од Академијата за програмирање и учесниците од Академијата за маркетинг ја креираа оваа алатка преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.