Овој текст е дел од серијата бесплатни лекции од Brainster во категоријата Growth Hacking. Регистрирај се за уште 60 бесплатни лекции за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.
Growth Hacking е техника која цели кон придобивање на нови корисници, а притоа да е потребен релативно мал буџет за маркетинг.
Нормално е кога ти се ограничени средствата за маркетинг да учиш како да стигнеш до нови клиенти преку различен пристап. Еден таков пристап е Growth Hacking. Кога го лансиравме Brainster моравме да се ограничиме на нула буџет за маркетинг, а сепак компанијата има профит од првиот ден на самото постоење. Пред да почнеме да работиме, ние веќе имавме база на податоци од повеќе од 1500 потенцијални клиенти. Користејќи ги техниките на Growth Hacking во првата недела собравме дополнителни 4300 регистрирани членови, без да потрошиме денар на маркетинг.
Дел од алатките на Growth Hacking се: е-мејлови, блогови, проекти на сајтови и API наместо платени реклами. За разлика од традиционалните маркетери, Growth-хакерите се настроени кон тоа да го вметнат маркетингот во самиот производ.
Постапката за Growth Hacking не започнува неколку недели откако ќе го лансираш производот, туку во развојната и фазата на дизајнирањето. Ова значи да не размислуваш за маркетинг дури откако ќе го лансираш производот, туку уште пред да започнеш. Некои од комапниите кои употребуваа Growth Hacking техники за маркетинг се: Hotmail, Dropbox, Twitter, AirBnb.
За да ти стане појасно погледни ги овие примери:
- AirBnb те известува кога некој од твоите пријатели од Facebook ќе се најави. Ако поканиш пријател да се најави, ќе добиеш 25 долари кои ќе можеш да ги употребиш за следното твое патување.
- Unroll.me е одлична алатка за чистење на твојот инбокс, но таа го ограничува бројот на превземени дејствија доколку стигнеш до прекинување на 5 претплати. Ако сакаш да продолжиш да го чистиш твојот инбокс мејл, тогаш или ќе треба да платиш или да споделиш на социјалните медиуми.
- Dropbox. Повеќе од сигурни сме дека веќе ги знаете нивните тактики за пораст на корисници. Тие едноставно те мотивираат да поканиш пријател да употребува Dropbox и за возврат добиваш дополнителен простор за употреба.
Размислувај за тестирањето како нешто што е неопходно
А/В тестирањето е одличен начин да дознаеш кои активности од областа на маркетинг и кои стратегии најмногу му одговараат на твојот стартап. Може да се употреби на скоро сите онлајн канали.
Првиот чекор кој мораш да го преземеш кога започнуваш А/В тестрирање е да смислиш јасен план за што е тоа што го тестираш. Многу е важно да не се обидуваш да тестираш повеќе промени одеднаш, бидејќи ќе се најдеш во ситуација во која нема да бидеш сигурен поради што е предизвикана промената во резултатот. На пример, ако сакаш да тестираш кој дизајн на банер има повеќе кликнувања – не ја тестирај и целната група истовемено. Така нема да бидеш сигурен дали промената на резултат е благодарение на новиот дизајн или на новата целна група.
Ако сè уште не си сигурен во тоа како малите “хакови” можат да ги променат резултатите, погледни ги неколку примери:
Пример број 1:
Првата верзија го зголемува бројот на лидови за 115% . Иако текстот во втората верзија изгледа подобро, првата верзија има подобра конверзија.
Пример број 2:
Втората верзија има 75% повисока цена за новогенерираната продажба.
Пример број 3:
Дури и најмалата промена, како на пример името на испраќачот, може да направи огромна разлика. Тестиравме две можности кои ги испративме до 4000 луѓе од нашата база на податоци. Половина од луѓето добија мејл од ,,BRAINSTER’’, а другата половина од ,,Петар од BRAINSTER’’. Во вториот случај open rate-от се зголеми за 24%. Ја утврдивме претпоставката со тоа што ги препративме мејловите на различна група приматели.
Што сакаш да научиш следно? Одбери ја темата која сакаш да ја истражиш, и со брза регистрација стигни до 60 бесплатни лекции кои ќе ти пристигнат на е-mail.
Оваа платформа произлезе од неколкумесечната едукација преку работа на реални проекти на нашите студенти. Учесниците од Академијата за програмирање во соработка со учесниците на Академијата за маркетинг ја креираа оваа платформа преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.