Овој текст е дел од серијата бесплатни лекции од Brainster во категоријата Growth Hacking. Регистрирај се за уште 60 бесплатни лекции за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.
Како да ги донесеш најдобрите и најмотивираните учесници на работилница?
Познато ни е дека “бесплатно” и “регистрирај се” во иста реченица значи тројно повеќе регистрации од посетители. Како да го решиме овој проблем, и да видиме дека оние што сакаат да го посетат курсот – би се потрудиле малку повеќе? Со предизвици, секако. И не случајно, овие предизвици се поврзани со нашите Twitter и Facebook пејџови.
Приказната е следна:
За да те одбереме да слушаш некој од бесплатните курсеви, на e-mail ти стигнуваат неколку предизвици.
Со исполнувањето на предизвиците собираш поени. Ние правиме ранг листа и ги одбираме најангажираните кандидати.
На овој начн ќе се осигураме дека учесниците што ќе присуствуваат се навистина мотивирани, и со сигурност ќе бидат проактивни на курсот. Од друга страна добиваме одлично онлајн присуство, нови следачи и сообраќај на сајтот. На овој начин го хакнавме и проблемот со несериозни посетители, и растот на социјалните мрежи!
Што сакаш да научиш следно? Одбери ја темата која сакаш да ја истражиш, и со брза регистрација стигни до 60 бесплатни лекции кои ќе ти пристигнат на е-mail.
Платформата Brainster лекции произлезе од неколкумесечната едукација преку работа на реални проекти на нашите студенти. Учесниците од Академијата за програмирање и учесниците од Академијата за маркетинг ја креираа оваа алатка преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.