Гостински текст: Зошто веб страницата мора прво да се анализира пред да се менува и оптимизира?

 

Интернетот е најголемото откритие на времето во кое живееме. Тој го претвори светот во глобално село кое стана место во кое се наоѓаат и обновуваат врски, луѓето комуницираат, купуваат и продаваат, плаќаат сметки и ги извршуваат секојдневните обврски. А, во последните две години стана и најголемото работно место бидејќи голем дел од луѓето беа спречени да работат од своите работни места.

За време на пандемијата, Интернетот понуди можности за заработка и за непречено дејствување на бизнисите. Сите оние кои се префрлија онлајн успеаа да ја пребродат кризата, за разлика од оние физички бизниси кои ставија клуч на вратите.

Сепак, не секој бизнис кој има своја веб страница успева да се избори со конкуренцијата затоа што не секоја веб страница е доволно оптимизирана за да избие со високи позиции на страниците со резултати на интернет пребарувачите. 

 

Зошто треба една веб страница да биде оптимизирана?

Google е светски лидер кој зафаќа околу 86.6% од пазарот во однос на другите интернет пребарувачи. Тоа значи дека позицијата на која се наоѓа твојата бизнис страница на Google и резултатите за целните клучни зборови кои се поврзани со твојот бизнис е многу важно – колку е повисока таа позиција, толку поголеми се шансите за привлекување на посетители кон веб страницата. 

Всушност, така функционира целиот онлајн бизнис свет – луѓето вложуваат многу во изработка на брза и функционална веб страница која нуди одличен UX (user experience) како и во нејзино оптимизирање за интернет пребарувачите. 

Една оптимизирана веб страница има одлични технички перформанси и содржинска стратегија кои Google при индексирањето на страниците ги забележува и ја оценува како авторитетна и веродостојна страница која нуди одлична содржина. Така, ѝ дава на веб страницата високо рангирачки позиции за клучните зборови на својата прва страна. Имајќи во предвид дека првите три резултати го земаат најголемиот број на кликови – дури 61.5%, од кои првиот зема 32.5%, 17.6% и третиот 11.5% – јасно е колку е важно веб страницата да биде оптимизирана. 

 

Како се оптимизира една веб страница?

Оптимизација на веб страница е еден прилично комплексен процес кој вклучува работа од различни експерти. Но, за да се пристапи кон оптимизирање на веб страница, најпрво е потребно истата да се анализира.

  • Чекор 1: Анализа на веб страницата

Анализата се поделува на три дела: техничка анализа, содржинска анализа и анализа на конкуренцијата. Во техничката анализа спаѓаат сите подобрувања во однос на структурата и архитектурата на веб страницата и поправка на сите елементи и карактеристики кои го сочинуваат корисничкото искуство (UX).

Во содржинската анализа се разгледува целиот текст поставен на сите страни, особено на оние на кои сакаме да привлечеме посетители. Се анализира дали е уникатен, оригинален, дали ги содржи клучните зборови кои треба да го доведат заинтересираниот купувач на страната и дали правилно и природно ја пренесува пораката. Исто така, се разгледува внатрешната мрежа од врски помеѓу страниците, дали се поврзани страниците со слични содржини со соодветен линк. Во оваа анализа се разгледува и блог секцијата – дали постои, дали има постови кои излегуваат редовно и дали овие постови се квалитетни и оптимизирани. 

На крај, се прави и анализа на онлајн конкуренцијата – тоа се бизниси кои се рангирани на подобри позиции од вашите и се испитува зошто тие се пред вас – што е тоа што ги прави подобри од вас и која е нивната стратегија за оптимизација. 

 

  • Чекор 2: Сумирање на резултатите од анализата и правење акционен план

Вториот чекор при оптимизација е сумирање на сите резултати и информации и правење акционен план кој ќе ги приоритизира работите кои мора да се поправат веднаш. Тој акционен план всушност ќе ја постави и стратегијата за оптимизација, затоа што што се заврши со решавање на проблемите директно на страницата, потоа се продолжува со градење off-page стратегија (градење мрежа од повратни линкови, коментирање во форуми и заедници, и пишување на гостински постови на други страни со линкови до вашата веб страница)

 

  • Чекор 3: Стратегија која трае

Треба да се знае дека оптимизацијата не е работа која се извршува во еден период и потоа чекаш резултати. Не, тоа е процес кој трае и треба да ги следи послените трендови на Google или на другите интернет пребарувачи и постојано да се вршат активности off-page и подобрување на самата веб страница.

 

Придобивки од анализата и оптимизацијата

Јасно е дека со анализирањето на веб страницата се откриваат проблемите со онлајн видливоста – што е тоа што ја спречува вашата бизнис веб страница да биде високо позиционирана на Google страната со резултати. 

Оттука, и придобивките на оптимизацијата се на повидок:

  • Подобренo корисничко искуство (UX) на веб страницата;
  • Повеќе органски сообраќај кон веб страницата;
  • Популаризирање на бизнисот и подигање на свеста за брендот;
  • Воспоставување на долготрајна маркетинг стратегија;
  • Претекнување на онлајн конкуренцијата.

 

Што е со македонските бизнис веб страници?

За жал, многу малку од македонските бизнисмени го препознаваат потенцијалот на Google во однос на бесплатната реклама која ја нуди. Но, малку од македонските бизнис веб страници се оптимизирани за интернет пребарувачите, иако свесноста на народот за пребарување по клучни зборови сѐ повеќе и повеќе се зголемува. 

Една од причините е тоа што македонските бизнисмени сметаат дека тоа е голема инвестиција која ќе даде резултати дури по неколку месеци. Но, она што не го разбираат е тоа што штом стратегијата за оптимизација почне да дава резултати, сообраќајот кон нивната веб страница значително ќе се зголеми, а со тоа и можноста потенцијалните купувачи да се претворат во купувачи. 

Светот е веќе многу напред на ова поле. Големите брендови вложуваат илјадници долари за да бидат први на страната со резултати на Google бидејќи околу 32.5%  од секој кој ќе го побара името на производот или услугата која тие ја продаваат, ќе кликне на нивниот резултат и ќе заврши како нивен купувач.

Вреди да се размисли за можноста за бесплатна реклама на Google која трае и трае, зар не?

 


Автор

Бранко Илишев

Ко-основач и Раководител на тимот за оптимизација во SmartClick

 

 

Доколку сакаш да си дел од Digital Marketing заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2021, дознај повеќе за Академијата тука.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

Аплицирај веднаш и започни со учење во октомври!