Овој текст е дел од серијата бесплатни лекции од Brainster во категоријата Growth Hacking. Регистрирај се за уште 60 бесплатни лекции за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

 

Facebook Messenger-от е уште еден канал преку кој можеш да комуницираш со твоите лидови.

Функционира така што оние кои се заинтересирани за твојот бренд, прават messenger subscription. Потоа на тебе останува да им испраќаш содржина која однапред си одлучил дека е вистинската за нив!

BAMF Media е маркетинг агенција која одлично го користи овој канал, еве како:

Применуваат Inbound Marketing за да го зголемат бизнисот. На кратко, креираат содржина (е-книги, текстови и совети) која им е ултра-корисна на маркетерите од светот. На тој начин клиентите сами доаѓаат кај нив наместо обратно.

Нa официјалниот Facebook пејџ имаат 1000 лајкови. Ама на Facebook групата затоа имаат скоро 19000. Таму споделуваат свежи хакови и одлични совети за маркетинг. За да имаш шанса да бидеш дел од групата, треба да одговориш на “само” 3 кратки прашања.

 

facebook reklamiranje

Последното прашање те носи тука:

facebook reklamiranje

Ииии voila! Сега имаш пристап до нивните ресурси, а за возврат тие ти се населени во твојот inbox. Контентот што го испраќаат е доста корисен. Ако би сакала да ангажирам агенција за интернационален пазар – ќе ми бидат во тесен избор. 🙂

facebook reklamiranje

 

Тука можеш да прочиташ повеќе за Messenger ботовите. Додека опцијата за прашања при влез на Facebook група е сѐ уште во Beta и е достапна само за одредена селекција на групи. Едвај чекаме да стане достапна за сите!

 

Што сакаш да научиш следно? Одбери ја темата која сакаш да ја истражиш, и со брза регистрација стигни до 60 бесплатни лекции кои ќе ти пристигнат на е-mail.

Платформата Brainster лекции произлезе од неколкумесечната едукација преку работа на реални проекти на нашите студенти. Учесниците од Академијата за програмирање и учесниците од Академијата за маркетинг ја креираа оваа алатка преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.