Овој текст е дел од серијата 52 бесплатни лекции за Дигитален маркетинг напишани од експерти. Регистрирај се и добивај по една лекција неделно, директно во твоето e-mail сандаче.

Решивме да ве спремиме со 4 важни работи поврзани со Facebook Ads пред претстојниот курс за Facebook и Instagram рекламирање, со Ива од Grouper.mk. Од текстов ќе донесеш заклучоци зошто е важно и паметно таргетирање и мерење на резултатите!

1. Organic (не платен) reach на Facebook пејџовите е 2%.

The Great Organic Reach Decline во 2014 ја отежни работата на сите оние чии бизниси до некаде зависат од маркетирањето преку Facebook. Само 2% од корисниците кои ја лајкнале твојата Facebook страница ќе ги видат твоите објави. Од една страна е и оправдано – има премногу содржина а крајната цел не е да се преоптеретат корисниците. Но од друга страна, ако платиш за Facebook реклама твојата содржина ќе стигне до корисниците до кои сакаше иницијално да дојдеш. Double standards, или генијален начин да не натера да потрошиме пари?

2. Engagement is king.

Што поголем обем на интеракција на твоите објави(лајкови, коментари и споделувања), тоа поголем успех на Facebook. Алгоритмот на Facebook и Instagram е дизајниран да препознав релевантна содржина во која уживаат корисниците, и со тоа ќе те прикажува почесто. Потруди се твојата содржина да повикува на комуникација и полесно ќе се движиш низ краткотрајните објави кои брзо “горат”.

3. Facebook ads се неизбежни.

Колку и да има интеракција на твојата страна, постои публика до која никогаш нема да стигнеш без поставување на реклами. Која е Buyer персоната која ја таргетираш? Јасно дефинирај до кои корисници сакаш да допреш, одбери ги правилните подесувања, па дозволи му на Facebook/Instagram да ја направи својата магија. Во замена за твоите пари, нормално!:)

4. Testing, testing, testing.

За едни исти резултати можеш да платиш неколку различни суми. Резултатите во најголем дел зависат од тоа колку добро ја познаваш твојата публика, колку добро го познаваш системот за рекламирање на Facebook и Instagram и колку пејџови или профили се огласуваат во дадениот момент. На тебе останува да ги истестираш сите опции кои се нудат за да откриеш што точно функционира кај твојата публика. Би било од помош и ако учиш од туѓите искуства и се обидеш да ги намалиш трошоците на минимум. Бидејќи сепак правилата за секој пејџ не се исти, обзервирај ги резултатите и донеси паметни заклучоци!

Пријави се за курсот за Facebook и Instagram рекламирање овде.

Аплицирањето за ваучер заврши!