Повеќе не постои поделба помеѓу маркетинг и дигитален маркетинг. Зошто? Затоа што дигиталниот маркетинг стана огромен дел од питата и без него не се може. А Facebook секако, е во првите борбени редови.

На Курсот за Facebook рекламирање, сакаме да им ги расчистиме сите дилеми на маркетерите, сопствениците на бизниси и сите Digi ентузијасти и да ги научиме самостојно да постигнуваат рекордни продажби. Кој друг да повикаме ако не Ива од Grouper.mk! Прочитај нешто повеќе за неа.

Која е твојата професија и со што се занимаваш?

Инженер на индустриски дизајн, но потоа продолжив со комбинирани магистерски студии на дизајн и маркетинг. Покрај примарната функција, најмногу се фокусирам на креатива и водење на маркетинг кампањи, платено рекламирање на социјалните мрежи особено Facebook и Instagram, како и реализација и креирање на визуелен идентитет за потребите на кампањите и социјалните медиуми.

Раскажи ни за најдобрата кампања на која си работела до сега.

Бидејќи сум во Grouper изминативе 6 години, имав можност да работам на различни типови на кампањи, од големи кампањи со голема организација, до мини кампањи кои ги реализираме на дневно ниво. Секоја има своја тежина и различен аспект околу кој гравитира стратегијата на промоција. Пример за добра и една од моите омилени кампањи е традиционалната кампања на Grouper – Недела на храна, како и актуелната кампања Дестинација Македонија.

Колку ги применуваш вештините кои ќе им ги пренесеш на учесниците на Kурсот во твојата работа?

Сите вештини кои ќе им ги пренесам на учениците ги користам на дневно ниво. Во работата се служам со повеќето алатки кои се достапни во дигиталниот маркетинг, и предавањата секако се базираат на реални примери од мојата секојдневна работа.

Во кои професии се применуваат овие вештини? Дали се може без нив?

Без разлика на професијата и на типот на компанијата, вештините кои се потребни за дигитален маркетинг се “a must” доколку сте дел од дигиталниот свет и доколку сакате да постигнете било какви резултати преку промоција. Реално нема веќе друг избор 🙂 Вакви вештини се соодветни за секоја професија.

Кој е најефективниот начин за стекнување на нови вештини за напредок во кариерата?

Константно следење на трендови, инстант применување на секој новитет што се промовира, читање читање читање, само надоградување, иницијатива. Информацијата е многу лесно достапна, но треба многу труд за да се применува како што треба.

Кои карактеристики мора да ги поседуваат оние кои сакаат успешно да го завршат курсот?

Упорност, креативност, аналитика, отвореност, во тек со everything digital.

kurs za facebook

 

 

 

 

Овој текст е објавен во категоријата Интервјуа и ги содржи следните клучни зборови: Brainster. brainster kariera, kariera. kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, книги за дизајнери, книги за програмери. книги за бизнис. книги за маркетинг, knigi za dizajn, knigi za marketing, knigi za programiranje, knigi za biznis, kurs za microsoft excel, kurs za illustrator. kurs za photoshop. kurs za pr, kurs za onlajn marketing, obuka. akademija za programiranje, akademija za kodiranje. akademija za marketing, obuka za marketing. obuka za facebook, обука за маркетинг, курс за ексел, курс за блогирање, kurs za facebook