Овој текст е дел од серијата бесплатни лекции од Brainster во категоријата UX/UI Design. Регистрирај се за уште 60 бесплатни лекции за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

 

Со развојот на интернетот, терминот User Experience стана клучен збор при креирање на веб страни. Во последните години, секој зборува за user experience и изгледа како секој да може да биде UX/UI дизајнер. Но што е всушност UX? Што значи добар UX дизајн?

User Experience (UX) се однесува на тоа какви емоции буди еден продукт кај корисникот и кое е неговото мислење за него. Дали продуктот е практичен, ефективен, значаен и вреден во очите на корисникот? Целата перцепција, искуството и приказната што ја нуди, во еден пакет. Концептот на дизајнот, исто како интернетот е неопходен во денешниот свет. Луѓето сѐ повеќе зборуваат за UX, и дури го сметаат како клучен фактор за поголем успех на пазарот. Но кога треба да се објасни што всушност е UX, луѓето немаат јасна слика.

Признавајќи дека сакаме да добиеме нешто со најмалку работа, интересен одговор е дека основата на UX-от е човековата мрзеливост. “Направи го тоа што го сака корисникот за најмалку време”.

UX е целиот процес на продуктот

dobar user experience

Paul Hersey во неговата книга User Experience for Product Designers вели: UX е конкретен процес кој е поделен во 5 чекори: предуслови: барања на корисниците, таргетот; истражување: скечови, информациони структури, wireframe; дизајн: модел, mockups; обезбедување на квалитет: брзина, грешки, детали; фидбек.

UX e специфична улога (функција)

dobar user experience

UX дизајнерите се всушност стратези кои прават решенија за потребите на компанијата. Тоа е процес на дизајнирање на бизнис цели и стратегија за нивно остварување.

Длабоко разбирање на корисникот

dobar user experience

UX дизајн е метод на дизајнирање со длабоко разбирање на корисниците со крајна цел да се направат решенија кои ќе ги задоволат потребите на корисникот. Клучен момент за целото објаснување за UX е употребливоста, поделена на 3 аспекти: задоволство: најголемо задоволство на корисникот доаѓа од вредноста што ја дава самиот продукт, како и целото искуство; проценка на употребливост: user testing, прашалници, интервјуа и тестирање на перформанси: natural UX: Не се однесува само на интеракцијата, туку и на самиот начин на размислување. За секој interface и интеракција, главна идеја е “не ме терај да размислувам” или “да може секој да ја користи природно”.

 

 

Што сакаш да научиш следно? Одбери ја темата која сакаш да ја истражиш, и со брза регистрација стигни до 60 бесплатни лекции кои ќе ти пристигнат на е-mail.

Оваа платформа произлезе од неколкумесечната едукација преку работа на реални проекти на нашите студенти. Учесниците од Академијата за програмирање во соработка со учесниците на Академијата за маркетинг ја креираа оваа платформа преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

 

Related Stories For You