Дигитизација, дигитализација или дигитална трансформација – Која е разликата?

Овој текст е дел од серијата бесплатни лекции од Brainster во категоријата Дигитална Трансформација. Регистрирај се за уште 60 бесплатни лекции за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

Неодамна слушнав како еден познаник сака да го дигитизира својот бизнис. Звучеше малку чудно. Дигитизација на целиот бизнис.. Како се прави тоа? Ги претвораш сите работи во битови и бајтови? Автоматизираш сѐ и ги заменуваш луѓето со роботи?

Не мислеше да дигитизира. Како многу од нас, користеше погрешна терминологија, за да ја пренесе идејата за дигитализација, поаѓајќи од фактот дека се работи за дигитален бизнис. Се чини дека има доста конфузија во однос на употребата на термини како дигитизација, дигитализација (две букви разлика) и дигитална трансформација. Низ времето дел од нив имаат различно значење, но тоа не значи дека ги користиме правилно, со сегашното зачење. Само за терминот дигитизација можат да се најдат 5 различни употребни.

Зошто е битно сѐ ова? Прашање на смисла.

Да поедноставиме: Не постои дигитализација и дигитална трансформација без дигитизација. Тогаш која е разликата помеѓу овие термини?

Дигитизацијата е термин кој го користиме со години и години. Пример, некој сака да ја дигитизира работната сила во својата компанија. Звучи малку страшно, нели? Сигурно си замисли огромна машина која има цел да ги претвори вработените во роботи, битови и бајтови.
Оттука, дигитизацијата создава дигитална верзија (битови и бајтови) на аналогни и физички работи како што се хартијата, фотографии, звуци, итн. Едноставно претставува конвертирање на нештата кои што не се дигитални во дигитален формат. Други примери се сигнали, здравствени записи, податоци за локација, лични карти..
Овие дигитални формати потоа можат да се користат од страна на компјутерски системи за различна потреба.

Дигитизацијата не значи да се замени оригиналниот документ, слика, или звук. Кога ќе го чуеш изразот ‘ ние дигитизиравме’, повеќето од времето тoa значи ‘се преселивме од хартија и рачни процеси во дигитални податоци и автоматски процеси.’

Заклучок? Дигитизација е дигитизација. Точка. Дигитизацијата е автоматизација на постојани рачни и хартиени процеси, од аналогна во дигитална форма.

PWC и Cisco користат различни дефиниции за процесот на дигитизација.

Што е дигитализација?

Вториот термин е дигитализација. Често се користи заемно со дигитизација, но е нешто сосема друго. Во бизнис смисла, дигтализацијата најчесто се однесува на овозможување, подобрување или трансформирање на деловните операции и активности, преку искористување на дигитални технологии и поширок спектар на дигитализирани податоци.

Додека дигитизацијата е повеќе околу системи за engagement, дигитализацијата се насочува кон системи кои ги прошируваат дигиталните податоци и процеси.

Дигитализирањето на еден бизнис, води кон дигитален бизнис. Листата на работи кои можат да се дигитализираат е навистина долга. Дигитализацијата се смета за пат кој се движи кон дигитален бизнис, односно дигитална трансформација. Ова е причината зошто најчесто овие два термини ги сметаме за исти.

Ако дигитализацијата е исто така промена на деловните операции, бизнис модели па дури и приходи, тогаш каква е разликата помеѓу дигитализацијата и дигиталната трансформација?

Потребни се многу повеќе мостови да бидат изградени, во сеопфатната стратегија за дигитална трансформација. Дигиталната трансформација првично била користена за да се опише трансформацијата од хартија во дигитални информации. Чекајте не беше ова дигитизација? И така настануваат забуните кои ни се добро познати.

Дигитализацијата води кон дигитален бизнис, дигиталната трансформација бара дигитален бизнис и дигитизација.

Што сакаш да научиш следно? Одбери ја темата која сакаш да ја истражиш, и со брза регистрација стигни до 60 бесплатни лекции кои ќе ти пристигнат на е-mail.

Платформата Brainster лекции произлезе од неколкумесечната едукација преку работа на реални проекти на нашите студенти. Учесниците од Академијата за програмирање и учесниците од Академијата за маркетинг ја креираа оваа алатка преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

besplatni lekcii