Овој пат поразговаравме со Стефан да ни раскаже за неговото долгогодишно искуство во светот на дигиталниот маркетинг и причината поради која тој се решил за оваа професија! Тој е инструктор по Facebook&Instagram Ads на Академијата за дигитален маркетинг, а на наше огромно задоволство, неодамна и дел од маркетинг тимот на Brainster.

Колку време се занимаваш со дигитален маркетинг и како се одлучи за оваа професија? 

Во маркетингoт сум 11 години, со поголем фокус на дигиталниот последниве неколку. Кампањи еден куп. Тие зад себе не сум се нафатил да ги бројам, бидејќи сум сконцентриран на тековните и идните.
На факултет од сите предмети, најмногу смисла ми имаше маркетингот, а следствено со тоа и најдобри резултати имав по предметите поврзани со него. Најголемата причина за ова е испреплетеноста на оваа дисциплина со општата и популарната култура.

Која ти е најомилена кампања која си ја работел до сега и зошто?

Низ годините сум правел кампањи за сè и сешто. Од леб и павлака па сè до B2B софтвер и луксузни автомобили. И најискрено можам да кажам дека најомилени кампањи ми се оние што тековно ги правиме за Brainster. Причината е што преку истите нудиме знаење – нешто што навистина може да им ги промени животите на луѓето, без разлика дали ќе им помогне да ја променат кариерата или бар начинот на размислување. Знаењето е нешто што откако ќе го стекнеш, не може да ти се одземе и истото придонесува за побрзо издигнување и на индивидуално и на општествено ниво.

Најнеомилена кампања и зошто?

Ќе се надоврзам на интервјуто на другар ми Калин. И јас како него бев инволвиран во создавање кампањи за микрокредитирање. За среќа, само накратко.

Раскажи ни некоја интересна немила случка или грешка што ти се случила во текот на кариерата? 

Најнемила случка е праќање нешто да се испечати во илјадници примероци со печатна грешка (иако си го препрочитал 200 пати за да не се ти се случи истото). Но, се случуваат и такви работи.

Какво ти е искуството како инструктор на Академијата за дигитален маркетинг во Brainster?

На ова се осврнав и минатиот пат. Во меѓувремe, покрај инструктор станав и дел од тимот на Brainster, така што сега чувствувам уште поголема одговорност и мотив на студентите да им го пренесам моето знаење и искуство.

На кој начин и со што можеме да станеме уште подобри маркетери? What’s your ‘extra mile’?

Keep an open mind and test, test, test! Во маркетинот, (особено дигиталниот) нема простор за „Слушај јас да ти кажам…“. Метриките се оние што одредуваат што е добра кампања, соодветна публика и релевантна комуникација.

Што би им препорачал на идните маркетери или оние кои размислуваат да започнат ваква кариера?

Не се двоуми, направи го првиот чекор кон твојата маркетинг кариера уште денес!

Останаа уште неколку слободни места. Ако размислуваш за кариера во дигиталниот маркетинг, аплицирај ТУКА и резервирај го своето веднаш!