Постојано зборуваме за тоа како модерниот потрошувач го менува маркетингот, но целта на маркетингот отсекогаш била иста – да се испрати порака до целниот потрошувач. Единствено се променети начинот на кој комуницираме со нашата целна публика и брзината со која можеме да стигнеме до нив.

Во претходните 2 текста од серијата Дигитален Маркетинг 101 зборувавме за „брендинг“ и зошто брендингот е првиот чекор при изработка на маркетинг стратегијата и „маркетинг за стартапи“ каде што образложивме како ефективната маркетинг стратегија може да биде разликата помеѓу успешен и неуспешен стартап. Овој пат ќе се фокусираме на тоа што треба да направиме за да ги достигнеме целите на нашите кампањи. 

дигитален маркетинг

 

 

За полесно да ја објасниме маркетинг инката ќе користиме пример – софтвер за автоматско креирање на фактури чија цена е 100 евра.

Приход: Колку производи треба да продадеме по цена од 100 евра (по производ) за да ја достигнеме нашата цел?

  • Нашата цел е 5000 евра во продажба.

Просечна количина на нарачката: Ние продаваме само еден производ, но колку парчиња купува во просек еден купувач?

  • Од историски податоци можеме да најдеме дека во просек секој клиент купува по 1.6 производи при секоја нарачка или просечната нарачка изнесува 160 евра.

Нарачки: Колку нарачки ни се потребни за да ја достигнеме нашата цел?

  • Ако во просек имаме 1.6 производи при секоја нарачка, за да постигнеме 5000 евра во продажба, потребни ни се 32 нарачки.

Конверзија (conversion rate): Процентот на уникатни посетители на веб страната кои се „претвораат“ во клиенти.

  • Од историските податоци знаеме дека конверзијата ни е 2.1%, а тоа значи дека од 1000 посети на нашата веб страна ќе оствариме 21 нарачка, во просек по 160 евра од нарачка.

Посети на веб страната: Број на посетители на нашата веб страна.

  • За да ја постигнеме целта од 5000 евра месечно во продажба при просечна нарачка по 160 евра и конверзија од 2.1%, потребни ни се 1488 посетители на веб страната секој месец.

Click through rate (CTR): Колкав процент од оние кои го виделе линкот го отвориле?

  • Од историските податоци нашиот CTR е 0.91%, ако ги земеме во предвид сите канали (емаил, блог, платени реклами социјални медиуми).

Досег (Total reach): Колку поединци треба да ја видат нашата содржина (банер, емаил, блог, социјални медиуми) за да ја достигнеме целта за посетители на нашата веб страна, земајќи го во предвид CTR.

  • Бидејќи нашиот CTR e 0.91%, за да ја постигнеме целта од 1488 посетители на веб страната ќе треба да стигнеме до 163516 потенцијални клиенти со нашите макретинг активности.

Буџет: Колку пари ќе ни бидат потребни за да ја достигнеме нашата цел?

  • Да земеме некоја просечна цена за клик на Google, Facebook, Twitter итн, и да изнесува 0.9 евра по клик (CPC), би ни биле потребни вкупно 1399 евра (1488*0.9) за да ја достигнеме нашата месечна цел, а повратот на инвестицијата (ROI) ќе биде 273% (5000/1399)-1 = 2,73%.

дигитален маркетинг

 

„Ако не мериш,нема да можеш да подобриш“ – поради тоа сите маркетери добро треба да знаат какви биле претходните кампањи, односно дали овој пат е подобро или полошо. Зошто е подобро или полошо? Што може да се промени во иднина?

 

 

Овој текст е објавен во категоријата Маркетинг и ги содржи следните клучни зборови: Маркетинг, social media, Brainster, медиуми, Обуки, курс, digial marketing, дигитален маркетинг, online marketing, Курсеви, маркетинг стратегија, обука, content marketing, маркетинг кампања, онлајн маркетинг, Kursevi, Obuki, kursevi skopje, Курс маркетинг, Кurs marketing, obuki skopje, контент маркетинг, маркетинг курс, Kurs za socijalni mediumi, Курс социјални медиуми, socijalni mediumi, социјални медиуми, курсеви скопје, обуки скопје kurs za markеting, курс за маркетинг, obuka za marketing, marketing strategija

Учи академија додека
студираш на факултет

Доделуваме стипендии до 1000€, за зголемување на вработливоста на студентите!