Да започнеме со најзначајната работа кога станува збор за развивање на бренд стратегија: Имајте само една бренд стратегија!

За жал, изгледа дека скоро сите маркетираат како да е 1999 год. Некои маркетери се однесуваат и како да е 1979 год.

Традиционалниот маркетинг не’ учеше дека треба да изградиме и одржуваме портфолио на брендови, секој специјално позициониран да задоволува различна потреба и публика

бренд стратегија, маркетинг, развивање на бренд стратегија

Оваа стратегија е тотално погрешна, од гледна точка на потрошувачот, а истовремено функционална само на корпоративните маркетинг состаноци.

Од перспектива на потрошувачот, вистината е дека доколку ми е познат Вашиот бренд и ми се допаѓа приказната која стои зад него, тогаш шансите да купам уште нешто од Вашата палета на производи се навистина големи. Без разлика за каков тип на производ се работи и на која категорија и припаѓа.

Технолошките гиганти како Google, Facebook, Uber и други, успешно го користат овој принцип. Формулата е едноставна: Уникатен Бренд + Генеричко име на производ/подкатегорија = Име на новиот бренд продукт.
Google + Maps едноставно е GoogleMaps. Исто така Apple ја користи уникатноста на својот генерален бренд за да ја засили препознатливоста на своите производи: Apple iPhone, Apple iPad, Apple iMac.

Во денешно време, кога сме соочени со премногу брендови на пазарот, пренатрупани со информации, секој нов бренд продукт кој ќе го лансирате, а е поразличен од вашиот уникатен бренд, ве оддалечува од привлекувањето на внимание на потрошувачите.

Затоа, изградете само еден бренд.
Креирајте позитивна асоцијација за Вашиот бренд која ќе го означува и секој бренд продукт кој го продавате.

Најзначајното прашање кое треба да си го поставите кога развивате бренд стратегија е:
Зошто постоиме на пазарот?
Едноставен одговор: Вашиот бренд постои за да реши нечиј проблем.
Сѐ што треба да направите е да размислите како да го направите тоа на најдобар можен начин. Вашиот бренд е сѐ што правите.

бренд стратегија, маркетинг

Најпрво мора да ги знаете Вашите потрошувачи. Креирајте персона од Вашиот идеален потрошувач и наведете детално како го замислувате.

Визуелизирајте го Вашиот потрошувач и потоа понудете му бренд кој ќе ги реши неговите проблеми или ќе му помогне во одреден сегмент од неговиот живот.

Имајте едноставен бизнис модел. И ефективен. Не ги комплицирајте работите. Како ќе дознаат Вашите потрошувачи за Вашиот бренд? Преку маркетинг. Како можат да го купат Вашиот производ? Размислете за дистрибуцијата. И најважното – како ќе се однесувате со потрошувачите откако ќе го купат Вашиот производ?

Грижата за клиентите е сѐ! Постојат две опции – или ќе Ви помогне да го изградите Вашиот бренд, или ќе Ве уништи. Потрудете се секогаш да дадете максимум од себе.

Вашата бренд стратегија всушност е првото нешто на кое помислуваат Вашите потрошувачи кога размислуваат за Вашиот производ. А најлесен начин да го постигнете тоа е да им понудите сигурна и постојана грижа на Вашите клиенти.

Изградете бренд стратегија што е прилагодена за мобилни и социјални медиуми

Не можам да поверувам колку многу  средства се трошат на маркетинг кој повеќе не е релевантен за модерниот потрошувач, ниту пак е позициониран онаму каде што е насочено неговото внимание. Наметливи банери, скапи ТВ реклами, старомодни практики за промовирање. Сето ова претставува бренд стратегија од минатото. Само погледнете ја серијата Mad Man.

За да успеете да поттикнете возбуда кај луѓето, да ги заинтересирате за одреден производ, мора најпрво да им го привлечете вниманието. Внимание, а не импресии.
Ова е суштината на Вашата бренд стратегија. Кога ја развивате Вашата бренд стратегија секогаш имајте го на ум и Вашиот потрошувач. Сѐ што правите, го правите за него, а не за Вас.
Изградете бренд стратегија што е прилагодена за мобилни и социјални медиуми. Луѓето се поврзани со нивните мобилни телефони и се приклучени на социјалните медиуми постојано.
Истото треба да го направите и Вие со Вашиот бренд.

бренд стратегија, маркетинг

Примерот на Prius и Tesla

Tesla одлучија да се пробијат на пазарот за електрични возила, со луксузен, спортски модел на автомобил. Во тоа време, пазарот на електрични возила повеќе значење придаваше на економскиот аспект на возилата отколку на формата и функционалноста. Tesla одлучија да не се напреваруваат со хибридните возила на Chevy Volt или Toyota и наместо тоа се насочат кон high-end пазарот.

бренд стратегија, маркетингКако што може да приметите, влијанието е многу очигледно. Tesla ја замислија својата бренд стратегија како аспиративна и емоционална. Влијае на Вашите чувства кон животната средина на начин кој е моќен и доста визуелен. Луѓето се идентификуваат со нивниот бренд на многу интимно ниво.

Од друга страна пак, бренд стратегијата на Prius е прилично здодевна. Повеќе се фокусира на техничките детали, а не на тоа какви чувства буди нивниот производ кај потрошувачите.
На нивната бренд стратегија ѝ недостасува фокус и јасна порака. Што е она што сакаат да го искомуницираат со нивните потрошувачи? Нивниот бренд е скоро непрепознатлив. Кога градите бренд стратегија, Вашата цел треба да биде градење на асоцијативна конекција помеѓу потрошувачите и Вашиот бренд.

Примерот на GILLETTE и DOLLAR SHAVE CLUB BRAND STRATEGY

Gillette стана еден од најпрепознатливите брендови креиран врз база на професионалните и машки жилети. Dollar Shave Club влезе на пазарот спротивставувајќи му се на Gillette со пониска цена. Самото име Ви кажува дека на потрошувачот му нудат производ со подостапна цена. Меѓутоа, DSC истовремено нуди и квалитет. Покрај тоа, тие се разликуваат и по создавање на бренд стратегија која е многу поразлична од професионалниот пристап на Gillette – хумористичен пристап кој ја направи компанијата голем играч во оваа индустрија.

маркетинг, бренд стратегија

Кога се пробивате на пазарот на кој опстојуваат етаблирани играчи, Вашата бренд стратегија мора да биде храбра и добро насочена. Бренд стратегијата на DSC е фокусирана на едно единствено ветување кон потрошувачите. Го решаваат нивниот проблем на наједноставниот и најефтин можен начин. Целта на нивната бренд стратегија е веднаш да го привлечат вниманието на потрошувачите, да допрат до нивните емоции и да побудат реакција.
Бренд стратегија која е храбра, искрена и директна секогаш ќе успее да привлече внимание.
Доколку сакате Вашата бренд стратегија да Ве истакне во однос на конкурентите и да ги привлече потрошувачите, тогаш бидете искрени, верувајте во тоа што го продавате, грижете се за луѓето и едноставно раскажете ја Вашата бренд приказна.
Бидете горди на Вашиот бренд.

Како до 1.000.000€? 🤫