Запознајте го Влатко Јовановски – Dream Team студент на Академијата за графички дизајн за месец мај 2022.

 

Име и презиме: Влатко Јовановски

По професија: Бармен

Академија: Академија за Графички Дизајн

Зошто баш графички дизајн: Уште откога паметам за себе, секогаш сум цртал на било каква површина и со текот на годините тоа никогаш не се промени.

Што те мотивира постојано да учиш: Желбата да работам за големи глобални компании и мојата работа да биде светски позната.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Премногу работи научив на Академијата, но најголемо откритие ми беше модулот Motion Design. Фасциниран сум од анимации и ова е едно од трите полиња во кои сакам да се усовршам.

Омилен модул и зошто: Logo & Brand identity и Package Design се модулите кои ме привлекоа најмногу од самиот почеток бидејќи сакам да работам најмногу на такви проекти во иднина. Исто така, големо изненадување за мене е модулот Motion Design во којшто се пронајдов и сум сигурен дека ќе се посветам во иднина на After Effects. Морам да напоменам дека сите модули ми беа подеднакво омилени бидејќи на секој од нив научив нови вештини и еден со друг се надополнуваат.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Пофалба и благодарност до сите други инструктори, но Александар Нофитоски и Дијана Димитриевска ми оставија најголем впечаток. Соработката со нив на модулите кои ги предаваат и на хакатоните, успеа да разбуди една нова личност во мене која е уште поборбена и полна со самодоверба.

За 5 години сакам да бидам: Профи графички дизајнер со успешни проекти на светско ниво.

Хоби: Баскет, возење велосипед и создавање коктели позади шанкот.

Омилена книга: The Lord of the Rings

Омилен цитат: „Veni, Vidi, Vici.“

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!