Работилницата за Креативно размислување е одличен простор за вежбање на креативните и критичките вештини на талентите од Академијата за графички дизајн. Овој хибриден модул, воден од инструкторката за Креативно размислување – Дијана Димитриевска, им помага на студентите, преку тимска работа, поуспешно и поефективно да стигнат до креативно решение за одреден клиент.

На работилницата, студентите преку тимски ‘brainstorming’ техники работеа на изнаоѓање на решение за креативна комуникација за културниот центар „Лабораториум“. Крајната цел е создавање на промотивни материјали за настан организиран од културниот центар: собирање на едно место на фудбалските фанови кои сакаат да ја следат играта надвор од конфорната зона на своите домови.
Дел од студентите, Арменд Алими, Вероника Грковска и Андреј Ристовки, споделија свои импресии и доживувања за работата во креативната работилница.
Студентот Арменд Алими го потенцира значењето на тимската работа при донесување на креативни одлуки. Тој заклучува дека иако неговите колеги имаат различен процес на работа, сепак е возможно да се постигне заеднички резултат затоа што крајната цел е иста. Според Алими, различните размислувања се одлични за да се донесе одлука базирана на разменување идеи и дискутирање. Модулот го поттикна да разгледува еден креативен проблем од повеќе агли за да го добие најдоброто решение.
„Различните гледишта на секого од нас ми помогнаа да дојдам до подобри идеи и критично да дадам фидбек за истите“. – Арменд Алими

Вероника Грковска вели дека „некогаш е многу тешко да си ги видиме ‘маните’ во нашиот дизајн, но е многу полесно кога имаме некој ‘од надвор’ којшто може да ни даде објективно мислење“. Затоа, за Вероника е од големо значење што во креативната работилница разменува идеи со колегите и го слуша нивниот став и начинот на размислување.
На прашањето што посебно би издвоила на работилницата, таа ја потенцира тимската игра каде се создава песна за својот дизајн: „римувањето навистина помогна во креацијата на ‘подинамични’ слогани“. Ја издвои и ‘Yes and’ вежбата која им помогнала на учесниците да стигнат до финалните headlines.
Доколку сакаш да студираш и ти во #1 образование што вработува, провери ја достапноста на групите!
Според Вероника, работилницата за креативно размислување го менува начинот на размислување при процесот на дизајнирање:
„Иако и досега се фокусирав на исполнување на целите/барањата на клиентот, со овој модел успеав навистина да се ‘ставам во нивните чевли’ и да излезам од мојата комфорна зона. Ми се појаснија разликите помеѓу USP и ‘brand motto’, и ме натера да размислувам и на маркетинг стратегијата, без притоа дизајнот да ми страда“.
Студентот Андреј Ристовски вели дека од учеството на работилницата научил како е да се соработува со колеги:
„Мислам дека тимските игри помогнаа за подобро креативно изразување затоа што ни помогна да излеземе од конфорт зоната и повеќе да дискутираме со другите“.
Според Андреј, дикусиите во работата со тим помогнале во процесот на критичко размислување. Како резлултат на ова интересно искуство се стекнува со реално знаење како да се работи со други колеги, што е еден од клучните моменти во неговата понатамошна кариера.
Студентите во ограничена временска рамка и со користење на бенефитите на модулот: материјали посветени на маркетинг, интегрирано рекламирање, канали за комуникација и психoлогија на потрошувач, тимски работа на ‘brief’ од клиентот. Присутните колеги со различен процес на работа и различна креативна позадина имаа прилика да се слушнат помеѓу себе како размислуваат. По завршувањето на тимските игри и дискусии, секој од студентите продолжува да работи самостојно во софтвер (ps / ai) на графичко решение.



