Вештачката интелигенција брзо се интегрира во сите сфери на индустријата, затоа стекнување на знаење и вештини во оваа област станува клучен фактор за професионален и корпоративен успех.
За да одговори на оваа потреба, Brainster го лансира својот најнов производ – „AI at Work“, претплатничка платформа дизајнирана да ги опреми професионалците и компаниите со експертиза која ќе им овозможи да останат чекор пред предизвиците на иднината.
Што претставува „AI at Work“?
„AI at Work“ е единствена иновативна платформа што комбинира 8 специјализирани AI курсеви и ексклузивна AI Академија, каде што предавачи и експерти од врвни светски компании како Spotify, Meta и Airbnb ќе ги споделат своите знаења и искуства. Овој производ има за цел да ги обучи професионалците да ги усвојат најновите технологии и методологии во доменот на вештачката интелигенција, овозможувајќи им да ја зголемат својата конкурентност и да ги унапредат бизнис процесите во своите организации.

За само 25 евра месечно, добиваш сеопфатен пристап до:
1. 8 практични курсеви месечно – во живо
Секој месец добиваш пристап до 8 нови курсеви, со предавања во живо од искусни AI експерти од индустријата. Курсевите се фокусирани на стекнување конкретни, применливи вештини и алатки со сертификати кои се вреднуваат кај работодавачите.
(Избираме предавања во живо наместо снимени курсеви, бидејќи полето на вештачка интелигенција се менува исклучително брзо. Наместо да трошиме 2 месеци на снимање на курс кој ќе застарее до објавување, нудиме флексибилна и навремена едукација, секогаш усогласена со најновите трендови и потреби од пазарот.)
2. AI Академија – целосна програма, без дополнителни трошоци
По 6 месеци активна претплата, автоматски добиваш пристап до AI Академија – интензивна, менторирана програма каде ќе изработиш свој главен проект, ќе научиш како да заработуваш онлајн со AI и ќе стекнеш релевантна диплома како AI експерт и консултант.
3. Дигитална заедница
Ќе добиеш пристап до првата онлајн AI заедница каде ќе можеш да се поврзеш со останати професионалци, да поставуваш директно прашања на експерти и каде што ќе имаш пристап до алатки, ресурси и најновите трендови од индустријата.
Вредност на целата понуда: 670€+
Твојата цена: 25€ месечно!
Зошто само 25€?
Brainster верува во пристапна, квалитетна и релевантна едукација за сите. Наместо да наплатуваме по стотици евра, ние создадовме модел што е долгорочно одржлив, ти овозможува континуирано да учиш и ти помага да ги стекнеш најбараните вештини денес!

Зошто е „AI at Work“ важен во денешниот пазар на труд?
Во време кога AI станува суштински дел од секојдневната работа, поединците и компаниите кои брзо ќе ги адаптираат своите тимови и стратегии ќе бидат во предност. Со „AI at Work“ ќе добиеш алатка која:
- Помага во брзо стекнување и надградување на AI експертиза;
- Поддржува креирање на AI-култура во компанијата;
- Ги унапредува иновативните процеси и оперативната ефикасност;
- Поголема самодоверба во денешниот динамичен пазар на труд;
- Градење на препознатливост и личен бренд во ерата на AI.
Покрај „AI at Work“, Brainster ја развива заедницата преку настани како „Од Креативност до кариера“, каде се организираат панели со врвни говорници и експерти. На овие настани, темите се фокусираат на тоа како вештачката интелигенција ќе ги трансформира работните позиции во наредните години и како да се подготвиме за тие промени. Овие иницијативи ја збогатуваат заедницата и го поддржуваат континуираното учење во новата дигитална ера.
Со „AI at Work“, Brainster става силен акцент на иднината на работата и развојот на AI вештини кои ќе бидат неопходни за успех во современото деловно опкружување. Ако сакаш твојата кариера или твојата компанија да бидат во чекор технологијата и иновациите, ова е вистинското време да почнете.