Во почетокот на новата година, сакаме да ви ги споделиме најважните 7 моменти кои што се случија на нашата Академија за дизајн во 2020:


  • Запишани 140+ студенти, оформени 7 групи и 1 група за нашата мини академиja

На Академијата за дизајн се запишаа повеќе од 140 студенти кои што сакаа да направат дигитална трансформација и користејќи се со својата креативност и емпатија да дизајнираат решенија со кои ќе ја претстават својата идеја на светот. 

Досега 4 групи успешно ја завршија Академијата и ги презентираа своите завршни проекти пред клиентите (The Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) и Шаховскиот сојуз на град Скопје ). 

Горди сме на студентите кои што не се откажаа од својот сон туку храбро го надминаа секој предизвик и ги следеа предавањата со целосна фокусираност.

 

  • Успешно префрлање кон онлајн предавање

Поради моменталната ситација настаната заради КОВИД-19 кризата, бевме приморани да направиме целосно префрлање, од класичните часови во училница кон онлајн предавање. Студентите ја продолжија Академијата во виртуелна училница и добија целосна поддршка од тимот на Brainster. Им дадовме екстра модули и предавања, инструкторите беа достапни во секој момент за совет и мислење со цел да се подобри целото искуство на студентите.  Иако за сите нас беше ново, успеавме да се усогласиме со промените и да го достигнеме максимумот.

 

  • Работа на многу интересни реални проекти за нашите learning партнери  

Соработката со нашите learning партнери им овозможи на студентите едно ново и возбудливо искуство, каде што ги учеа процесите и алатките преку работа на проекти за реални компании. Оваа година се работеше на: креирање лого дизајн за 2 продукти на Жито маркетите (Milksy & Del Pasta) и се направи брендинг дизајн за центар за здравје и убавина-La Vita em. Исто така се изработија креативни решенија за: Tech Foo, Mr. Hot dog, Еуролинк, SINNA, decal.mk, Витаминка и ред други.

 

  • Објави и реализирање на дизајни од наши студенти 

Работата на реалните проекти за нашите партнери резултираше со збогатување на портфолијата на студентите ,што е од главна важност за еден графички дизајнер. Многу од нивните проекти беа реализирани, изложени , а дел од нив добија и објава во една од најпознатите светски онлајн архиви за дизајн пакувања-Packaging of the world. 

https://www.packagingoftheworld.com/2020/06/te-finest-chinese-tea.html?m=1&fbclid=IwAR3Sh6F633oE114hFsypozUh-L8YviYDub-msm1sWwadizRYrS6kJ4r_PPA

https://www.packagingoftheworld.com/2020/05/get-used-to-it-2020.html?fbclid=IwAR0ZBLFMtnLxsc3s0gM8mtU0iqX37hTGyzXja1dlvzeBu0NnUMvrJEssxiM

 

  • Вработување и започнување пракса на дел од студентите

Како дел од активностите на Академијата е и Learning & Hiring програмата што значи соработка со компании кои често нудат и можност за вработување на студентите кои што постигнале особен успех на предавањата, на хакатоните, на проектите.

Нашиот тим се грижи сите студенти по завршување на оваа Академија да успеат да ја најдат работата што ја посакуваат. Оваа година успеавме да вработиме голем дел од студентите, а одреден дел од нив да започне и со пракса само после 3 месеци од стартот на предавања. Можеме да кажеме дека напорниот труд и посветеноста се исплатат!

 

  • Организиравме 2 Хакатони за студентите да ги применат знаењата стекната од Академијата

Првиот хакатон на оваа Академија беше огромна можност за секој студент да ги надгради своите вештини, но и да работи во вистинско време со реален клиент. Студентите беа поделени во неколку групи и имаа задача да креираат проекти односно постер дизајни за следниве невладини организации: „Проект Среќа“, „Шепасти ентузијасти“, ХОПС „Реупотреби го умот“ и за здружението „ТАКТ Женски рагби клуб“. Победничките решенија беа наградени со изложба во Europe House Skopje  и изложбата носеше убедлив и ефикасен повик за акција!

Вториот хакатон на оваа Академија беше еден од најголемите хакатони досега организирани, во заедничка соработка со студентите од Академијата за дигитален маркетинг. Студентите на овој хакатон имаа задача да креираат бренд, brandbook за нашиот learning partner MyPrint, при што беше избрано едно победничко решение кое нетрпеливо чекаме да се реализира во 2021.

 

  • Ангажман на ментори со големо искуство во областа на графичкиот дизајн и збогатување на програмата со нов модул-Дизајн студио

Менторите имаат клучна улога во животот на секој студент. Тие се тука во секое време да го дадат својот фидбек и да му помогнат на студентот полесно да го совлада материјалот и да ја заврши својата задача. Нашите студенти учеа од најискусните дизајнери во индустријата кои ги насочуваа како да станат дизајнери од иднината! Им посакавме добредојде на Иван Дургутовски , Клелија Живковиќ и Мартин Цветановски. Во исчекување сме и на крајниот резултат на еден многу интересен проект по модулот Типографија со нашиот ментор Небојша Гелевски-креирање на сопствен фонт од страна на студентите.

 

 

Доколку сакаш да си дел од Дизајн заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2021, дознај повеќе за Академијата тука.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!