Јасер Идризи – Dream Team студент на Академијата за графички дизајн

Запознајте го Јасер Идризи – Dream Team студент на Академијата за графички дизајн за месец октомври 2021.

 

Име и презиме: Јасер Идризи

Академија: Академија за графички дизајн

Зошто баш графички дизајн: Имам голема страст кон графичкиот дизајн. Креирањето на логоа, на постери и манипулирањето со фотографија беа работи што навистина многу ме интересираат. Свесен бев дека еден ден ќе се пробам во оваа професија, само ми требаше храброст и одлучност. Со тек на време сфатив дека преку Brainster имам прилика да свртам нов лист и да се впуштам во светот на дизајнот. Ја реализирав одлуката, и многу сум среќен поради тоа.

Што те мотивира постојано да учиш: Желбата за подобрување на секое поле од животот. Колку повеќе учиме нови нешта и сакаме да ја истражиме било која област, толку нашиот мозок и душа се збогатуваат, и спремни сме за секој нов предизвик којшто ни го нуди животот.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Pen tool. Иако навистина учењето на пен тул како алатка во Фотошоп и Илустратор беше game changing за самиот процес на работа, сепак целиот концепт на работа со вектори на Илустратор и совладувањето на алатките беше една од најинтересните и највозбудливите работи уште на самиот почеток на Академијата. Од тука започна сѐ…

Омилен модул: Типографија затоа што е неопходен модул и како што велеше Бане секој дизајнер мора да ја познава типографијата. Добра типографија може да направи и лош дизајн да изгледа добро. Најмногу уживав учејќи за фонтовите, нивниот начин на правилно користење и умешноста да се пронајде хармонија и конзистентост во дизајнот преку употреба на одреден typeface.

Инструктор што ти остави најголем впечаток: Со тешко срце се издвојуваат инструкторите! Сите беа одлични. Благодарение на нивниот начин на објаснување, нивната трпеливост и желба да го споделат знаењето успеавме од тотални почетници да стигнеме до таа точка дури да нѐ нарекуваат и дизајнеришта. Сепак би ги издвоил Небојша Гелевски – Бане, Иван Дургутовски и Александар Нофитоски како инструктори од коишто највеќе научив, и коишто се вистинска инспирација за студентите кои го сакаат графичкиот дизајн.

За 5 години сакам да бидам: Тешко е да знаеме каде ќе не однесе животот во наредни 5 или 10 години, но мислам дека сум спремен за секој предизвик во оваа професија и се надевам дека за 5 години ќе бидам длабоко навлезен во професијата како графички дизајнер и дека ќе продолжам со ист ентузијазам како и што почнав. Ќе видиме, the excitement and the determination is here :))

Хоби: Фудбал, читање, музика.

Омилена книга: Странецот – Албер Ками

Омилен цитат: “The most authentic thing about us is our capacity to create, to overcome, to endure, to transform, to love and to be greater than our suffering.“

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!