Запознајте ја Викторија Денковска – Dream Team студент на Академијата за графички дизајн за месец август 2022.

 

Име и презиме: Викторија Денковска

По професија: Наставник во одделенска настава

Академија: Академија за графички дизајн

Зошто баш графички дизајн: Напредокот во модерната технологија го направи своето – оnline комуникација, како и можност да се дојде до работна позиција преку компании кои имаат развиен сектор за маркетинг.

Што те мотивира постојано да учиш: Претставувањето на идеите визуелно, размислување на креативен и методолошки начин, како и пренесување на посакуваната порака, со цел рекламирање во форма на графички дизајн.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Тимската работа. Да се ​​работи во тим ни овозможува да учиме од грешките едни со други, да стекнеме увид од различни перспективи и да научиме нови концепти од поискусните колеги.

Омилен модул и зошто: Типографија бидејќи е столбот на графичкиот дизајн. Вистинска уметност е да знаеш да уредуваш делови каде што има текст, бидејќи може многу да влијае во пораката на дизајнот, но исто така додава посебна енергија во концептот преку која дизајнерот ќе успее да искомуницира.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Најпочитуваниот од сите колеги Небојша Гелевски-Бане. Со него ја имаме слободата на креативност и изразување. Одличен ментор кој несебично посветува внимание и човек од кого може многу да се научи. Не можам, а да не ги спомнам Ана Тодоровска и Александар Поповски затоа што обезбедуваа мотивација за работа и секогаш се достапни за дополнителен совет.

За 5 години сакам да бидам: Senior Graphic Designer со богато портфолио.

Хоби: Слушање музика, прошетка во природа и креирање на добар дизајн.

Омилена книга: Мемоарите на една гејша.

Омилен цитат: „Ако сакаш среќа за еден час – оди дремни. Ако сакаш среќа за еден ден – оди на риболов. Ако сакаш среќа за една година – наследи богатство. Ако сакаш среќа за цел живот – помогни му на некој друг.“

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!