Методи Ковачевски – Dream Team студент на Академијата за Data Science

Запознајте го Методи Ковачевски – Dream Team студент на Академијата за Data Science за месец март 2022.

 

Име и презиме: Методи Ковачевски

По професија: Индустриски Инженер

Академија: Академија за Data Science

Зошто баш Data Science: Како комбинација од повеќе области, меѓу кои се вбројуваат: статистиката, математиката, компјутерските науки, машинското учење, вештачката интелигенција и останати, претставува динамична област којашто континуирано се развива. Големиот број на предизвици и методолошкиот пристап на решавање на одредени проблеми се едни од главните причини поради коишто сум заинтересиран да истражувам и работам во оваа област.

Што те мотивира постојано да учиш: „Длабокиот океан” составен од знаење и информации претставува мотивација за откривање на нови нешта и постојано учење.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Начинот на размислување и brainstorming сесиите при решавање на одредени проблеми, анализа на некое податочно множество разгледувајќи повеќе сценарија, согледување и прикажување на одредени заклучоци со употреба на соодветните алатки, и постојаниот feedback од инструкторите низ целиот процес.

Омилен модул и зошто: Модулот за програмскиот јазик Python. Огромниот број на податоци коишто секојдневно се генерираат, со примена на програмскиот јазик Python и неговата обемна стандардна библиотека, на ефикасен начин може да се обработат и да се донесат значајни заклучоци. Неговата предност е во тоа што претставува open source јазик и има огромно community, поседува едноставна структура – јасно дефинирана синтакса, и има огромна примена во различни сфери.

Сите нешта коишто се изучуваат во овој модул, основните концепти на програмирањето; функционално наспрема објектно-ориентирано програмирање; библиотеки за математички функции, манипулација и обработка на податоците, нивна визуелизација; читање и запишување на податоците; имплементирање на логика при решавање на проблеми и слично, претставуваат основа за понатамошна имплементација на целосни Data Science/ML решенија.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Буквално сите инструктори се експерти во својата област и вложуваат огромен труд за да го пренесат своето знаење. Доколку треба да издвојам некои од нив, тоа би биле Александар Бошевски – инструктор на модулот Power BI и Иван Гочев – инструктор на модулот Python.

За 5 години сакам да бидам: Успешен во тоа што го работам. 🙂

Хоби: Филм, музика, литература, кошарка.

Омилена книга: Dune – Frank Herbert.

Омилен цитат: “You miss 100% of the shots you don’t take”. – Michael Scott 🙂

 

Уписите за следната група на Академијата за Data Science се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.