Ивана Јорданова – Dream Team студент на Академијата за Data Science

Запознај ја Ивана Јорданова – Dream Team студент на Академијата за Data Science за месец декември 2022.
Име и презиме: Ивана Јорданова
По професија: Студент
Академија: Академија за Data Science
Зошто баш оваа област: Поради фасцинираноста од моќта на машинското учење и бескрајните можности што ги нуди.
Што те мотивира постојано да учиш: Чувството на возбуда и фактот дека знаењето е единственото нешто што навистина ни припаѓа.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Начинот на пристап кон работите.
Омилен модул и зошто: Досега, модулот математика и статистика, или поточно делот од статистика. Поради влечењето на информации од податоците и нивна анализа преку поставување хипотези и градење едноставни модели за предвидување. Голем впечаток ми остави толкувањето на анализите и реченицата на инструкторот Петар: „Бројките никогаш не лажат, веројатностите се тие, може да ве излаже само начинот на нивното толкување и интерпретација.“
Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Секој има свој личен пристап кој го прави најдобар за самиот себе.
За 5 години сакам да бидам: Machine Learning инженер.
Хоби: Серии, книга и готвење.
Омилена книга: Вероника реши да умре – Пауло Коелјо & Барај и ќе добиеш – Абрахам Хикс
Омилен цитат: “Everything is possible. The impossible takes longer.“
Уписите за следната група на Академијата за Data Science се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!