Со факултетска диплома на неодредена пауза и три години работа како графички дизајнер Марко Крстевски реши да направи нешто повеќе во неговата кариера. Но, не тргна во програмерските води само поради кариера. Како што и сам кажува „… ако учиш програмирање само поради кариера, ти ќе знаеш само да ракуваш со алатот. Ако пак учиш програмирање поради себе, ти ќе знаеш да го употребиш алатот и да изградиш нешто што им ќе служи на сите“.

Тој посвети 8 месеци на програмирање и сега работи како front-end девелопер во креативната агенција Fabricca. Во новата професија најмногу му се допаѓа флексибилноста која ја има и фактот дека има мотивација континуирано да учи и да се подобрува.

Доколку и ти размислуваш за ваква кариера, уписите на наредните групи на Академијата за Front-End програмирање се во тек. Целата програма можеш да ја видиш тука.

Марко, од каде желба да почнеш да учиш програмирање?

Една од моите карактерни особини е дека сакам да се надградувам со вештини кои се во тек со времето, најпрво заради себе, а потоа заради тоа што светот еден ден тоа од нас ќе го бара. Затоа што мислам дека ако учиш програмирање само поради кариера ти ќе знаеш само да ракуваш со алатот. Ако пак учиш програмирање поради себе, ти ќе знаеш да го употребиш алатот и да изградиш нешто што ќе служи на сите.

Што работеше пред да се запишеш на Академијата за програмирање?

Скоро 3 и пол години работев како графички дизајнер во печатница за сито печат. И иако можам да кажам дека е доста интересна работа сепак почувствував желба за повеќе. Па така случајно ми излезе огласот за програмата Codeprenuers и решив да се пријавам.

Дали имаше претходно предзнаење кога се работи за програмирање?

Пред да се пријавам површно се запознавав со HTML и CSS, преку вебинарите и курсевите во Brainster. Сметам дека доколку некој сака да направи ваков крупен чекор , претходно треба да биде запознаен што точно би изучувал по длабински. Сметам дека едноставно да влезеш во ваков процес на изучување без претходно познавање не само што би можело да биде потешко за изучување материјата, туку може и да доведе некој и да се откаже уште на самиот старт.

Многу од луѓето кои размислуваат да почнат да учат програмирање сами или пак на академијата имаат иницијален страв и предрасуди за истото. Дали тоа беше случај со тебе и колку е навистина страшно да станеш програмер?

Мислам дека генерално секој што има само прочитано, а и што нема пробано да напише код го смета ова.
Како front end web девелопер многу лесно можам да кажам дека не е потребно да имаш „математичко/аналитички ум“, но сепак веб девелопмент е само дел од гранката наречена програмирање.
Кога почнав со изучување на JavaScript наидов на мала несигурност во мене, но после многу часови поминати за тастатурата добив чувство на сигурност само поради тоа што си велев на себе си “За да ја разбереш материјата мораш да имаш подеми и падови.”.

Како и сè што е непознато и програмирањето на почеток може да изгледа навистина страшно и комплицирано. Но, сè дур не седнеш да ги пишуваш првите линии код никогаш нема да го надминеш стравот од истото.

Колку време ти требаше од апсолутен почетник до front end девелопер и каде наоѓаше мотивација за да не се откажеш во моменти кога станува навистина напорно да се поминат сите неопходни материјали и вежби?

Времето поминато во Brainster е одлично спремање за да бидеш јуниор девелопер. Колку и да звучи застрашувачки сепак сакам да кажам дека работниот процес си носи свои предизвици кои едноставно не можеш да ги предвидиш во сите линии код кои ги имав испишани во периодот додека учев тука. Но тие линии код ми помогнаа да знам каде да го лоцирам проблемот.

Сите имаме лош почеток, сите во еден дел од процесот знаеме да се изгубиме но само треба да вдишеме, издишеме и да продолжиме со пишување и доколку стварно сакаме да работиме како програмери тогаш овој труд сигурно ќе се исплати.

Единствената работа која ме мотивираше да истраам во целиот процес е желбата да еден ден да работам на проект кој би донел промена, но тоа не го направив сам. Најважна беше поддршката од семејството и девојка ми кои цели 8 месеци сигурно мислеа дека сум се преселил да живеам во Brainster заедно со колегата Иван Локвенец 🙂 . А единствената навика која ми помогна да успеам во таа трансформација е дефинитивно мајндсетот што го имав насочен и посветен само на пишување линии код.

Што најмногу ти се допаѓа во новата професија? За какви проекти сонуваш во иднина?

Обожавам што можам да работам REMOTE!!! Хаха , не реално најмногу ми се допаѓа што тек сега почнува вистинското учење! Учење на трикови кои смееш или и не смееш да ги направиш но сепак функционираат 😉 . И еден ден сонувам (како што спомнав погоре) да работам на проект кој ќе донесе некаква промена.

Што би им порачал на луѓето кои во моментов размислуваат за програмирање како кариерна опција?

Да не го прават овој чекор само поради тоа што изгледа кул да пишуваш код, мотивацијата не е важна каква е сè додека посветено планираат да работат и нормално да не се откажуваат на првата препрека.

А да и ќе заборавев, код подобро се пишува додека во слушалките ти свири метал и панк!

Стани Front-End девелопер работејќи на реални проекти и апликации. Уписите за новите групи на Академијата за Front-End програмирање се при крај. Аплицирај денес и зачувај го твоето место!

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.