Иван Локвенец од секогаш знаел дека неговата работа ќе биде поврзана со компјутери. Иако по завршување на гимназија се запишал на факултет за дизајн на мебел и ентериер, после две години студирање сепак сфатил дека програмирањето е она што навистина сака да го работи.
На 23 години го напуши факултетот, даде отказ од работното место и реши целосно да се впушти во програмирањето. Под мотото „Nerd today, BOSS tomorrow!” 6 месеци целосно се посвети на учење и вежбање. Сега е вработен во WebDevBar и навистина може да каже дека си ја сака новата работа.
Доколку и ти размислуваш за ваква кариера, уписите на наредните групи на Академијата за Front-End програмирање се во тек. Целата програма можеш да ја видиш тука.
Иван како се реши да направиш целосен пресврт, да ги напуштиш факултетот и работата и да почнеш да учиш програмирање?
Уште кога беа ЦРТ мониторите ми се роди голема љубов кон компјутерите и хардверот, играв многу игрици и постојано ги расклопував и пробував да ги „појачам“, сакајки да добијам подобри перформанси. Во интересен сплет на околности се вработив во салон за продавање на истите.
Додека студирав и работев, колку што ми дозволуваше слободното време, аплицирав на бесплатни „курсеви” за 3D анимација и програмирање. Се обидував да учам во слободно време, но честопати тоа време го немав или брзо бев демотивиран од комплексноста на материјалот.
Ми требаше време да сфатам дека програмирањето е дефинитивно она што навистина ме интересира и сакам да го работам. Сфатив дека не сакам повеќе да си го трошам времето на факултет кој не ме интересира и на работа која не ме исполнува.
Така почнав да ги разгледувам сите академии и курсеви кои се нудеа низ градов. Програмата на Brainster ми се виде како најкомплетна, а особено ми се допадна делот со учење преку практична работа. Така решив да се запишам на Академија за програмирање, поточно на Академијата за Front-End.
Спомна погоре дека си се обидувал да учиш програмирање од дома. Кога почна со Академијата, дали имаше конкретно предзнаење и дали мислиш дека тоа ти има помогнато при учењето?
Mоже да кажам дека имав мало предзнаење, учев во средно C++, некои релативно прости задачи и услови. После тоа ми подарија неколку книги за HTML, CSS и JavaScript, учев сам дома кога имав слободно време, ама некако се наеднаш беа премногу информации, мислев дека никогаш нема да ги запомнам на памет работите и како тие функционираат, па после неколку обиди се откажав.
Голема корист од моето претходно искуство со учење програмирање е тоа што веќе го надминав иницијалниот страв од истото. Знаев дека може да се научи и барав место каде што тоа учење ќе ми биде структурирано и каде што некој ќе ме води низ целиот процес.
Многу твои врсници се наоѓаат во недоумица дали програмирањето е професија за нив или не. Сметаат дека за програмирањето треба да се има „математичко/аналитички ум“ и дека не е професија за секого. Што мислиш за ова? Дали и ти имаше страв од или предрасуди за програмирањето како нешто навистина тешко?
Па ако имаат таков ум би им било нормално полесно, но не е дека е и неопходно. Исто и со предзнаењето, не е неопходно, сè се учи доколку се посвети време 🙂
Стравот го имав кога се обидував да учам сам како што спомнав погоре, дека никогаш нема да ги запамтам работите кои се учат на памет, меѓутоа со самото вежбање, пишување код, посветување 6-7 саати дневно, се запомнуваат. Со решавање на предизвиците кои ги носи самиот девелопмент (од прости задачи па до посложени) се менува начинот на размислување и пристапот кон проблемот, со тоа се развива и самата логика.
Професијата мислам дека не е за секого, од гледна точка на тоа што индустријата континуирано се развива, бара постојано учење и следење на новите технологии. Така што сметам дека е за луѓе кои бараат динамична средина за работа, каде што скоро секој проект е различен од претходниот. Луѓе кои се способни да работат со краен рок и под притисок, некогаш и прекувремено ако е потребно.
Колку време ти требаше да стигнеш од апсолутен почетник (без никакво предзнаење) до програмер кој знае да се снајде сам или барем знае како точно да побара помош од поискусните колеги?
Бидејќи прекинав со работа после првиот месец од академијата и го посветив целото време на учење и вежбање, ми требаа 6 месеци да се стекнам со вештини за да конкурирам некаде на пракса. 2 месеци пред да заврши академијата бев во една фирма на пракса која траеше еден месец, потоа 2 месеци пракса во моменталнава фирма каде што сум сега вработен.
Кои се работите кои најмногу те мотивираа за да истраеш во целиот процес на започнување на новата кариера? Кои се твоите навики за кои мислиш дека најмногу ти помогнале да успееш да ја направиш оваа трансформација во кариерата?
Целиот процес на учење се состоеше од взаемна мотивација со мојот драг и почитуван колега Марко Крстевски и фразата “Nerd today, BOSS tomorrow!”. Љубовта кон професијата, можностите кои ги нуди за remote работа и за работа во странство.
Сега работиш во WebDevBar како front end developer, што најмногу ти се допаѓа на новото работно место?
Најмногу ми се допаѓа тоа што конечно ги работам само работните денови, викендите се слободни, работното време е флексибилно и канцеларискиот миленик Бен кој е всушност Француски Бишон.
Како ти се чини твојот почеток од сегашна перспектива и дали имаш да им порачаш нешто на луѓето кои сега се наоѓаат во иста ситуација како ти пред помалку од 9 месеци?
Почетокот беше океј, понатака како се усложнуваа работите беше малку загрижувачки, но со континуираното вежбање сè заврши одлично. Целото време и енергија не беа залудно потрошени и ова е најдобрата инвестиција во себеси 🙂
На оние кои се во иста ситуација би им препорачал континуирана работа и посветеност, многу куцање дома, туторијали, решавање проблеми, како и мнооооогу упорност.