Запознај го Сашо Додевски – Dream Team студент на Академијата за Full-Stack програмирање за месец ноември 2022.

 

Име и презиме: Сашо Додевски

По професија: Банкар

Академија: Академија за Full-Stack програмирање

Зошто баш Full-Stack: Академијата за Full-Stack програмирање ја одбрав бидејќи го опфаќа целиот процес на development на една апликација. Сакав да научам како се прави делот кој го гледаат корисниците, но и делот во позадината во кој се чуваат и процесираат податоците. Посебно ми се допаѓа тоа што се работи за динамична средина која постојано се надградува.

Што те мотивира постојано да учиш: По природа сакам интелектуални предизвици.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: За едно нешто да функционира, има неколку различни начини како тоа да се направи, и секој начин е правилен.

Омилен модул и зошто: Модулот за PHP најмногу го привлече моето внимание. Програмските јазици ја даваат динамиката во апликациите и го прават работењето поинтересно.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Сите инструктори во Brainster посветено работат да им пренесат што е можно повеќе знаење на студентите. Ќе ги издвојам Анастасија Давиткова затоа што имаше трпение да не воведе во светот на software development и Ивица Пешовски заради ентузијазмот во предавањата.

За 5 години сакам да бидам: Искусен Full stack developer со знаење за развој и имплементација на софтверски решенија.

Хоби: Уживам во возење велосипед и играње шах (online).

Омилена книга: Сите книги за Sherlock Holmes.

Омилен цитат:Try not to become a man of success. Rather become a man of value.

 

Уписите за следната група на Академијата за Full-Stack програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission тим за повеќе насоки и детали за програмата!