Запознајте го Димче Картинов – Dream Team студент на Академијата за Full-Stack програмирање за месец јануари 2022.
Име и презиме: Димче Картинов
Академија: Академија за Full-Stack програмирање
Зошто баш Full-Stack програмирање: Бидејќи ми претставува лична сатисфакција, а воедно е област каде што надградувањето нема граници.
Што те мотивира постојано да учиш: Ме мотивира самиот живот, како и чувството што е феноменално кога ќе научам нешто ново и кога ќе го применам со моја идеја.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Дефинитивно улогата на тим лидер, целиот тој процес, да се направи поделба на предизвикот, кој и што да направи, состанок со тимот и решавање на предизвикот.
Омилен модул и зошто: Пред сè, научив дека за да се стигнe до омилениoт модул треба сите други да ти станат омилени модули 😊. Од моето присуство во Brainster, можам да го издвојам SQL – каде што научивме како да работиме со база на податоци и како статистички да ги искористиме. Исто така, како омилен би го издвоил и SASS, поради тоа што има некои сличности со предизвикувачкиот материјал што следи и ни претставуваше како некој вовед.
Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Сите инструктори ми оставија добар впечаток, па и повеќе од моето очекување. Сепак, би можел да го издвојам Кристијан Бобевски што на добро структуиран начин ни го пренесе Front-end делот, исто така и Ивица Пешовски каде што фокусот му е да нè научи како да размислуваме како програмери и да бидеме способни да го видиме предизвикот од еден агол, да се вратиме чекор назад и да му пристапиме на истиот предизвик со алтернативни решенија.
За 5 години сакам да бидам: Со големо и длабоко искуство во ИТ областа, каде што ќе работам за своја или друга ИТ компанија којашто ќе има добар импакт за човештвото.
Хоби: Ако најдам слободно време, хоби ми е трчање, читање и секако природа, планина и до врв. ⛰️😊
Омилена книга: The Cambridge Code – Emma Loveridge
Омилен цитат: „Imagination is more important than knowledge. Knowledge is limited. Imagination encircles the world.”
Уписите за следната група на Академијата за Full-Stack програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!