Запознај го Далибор Тренчевски – Dream Team студент на Академијата за Front-End програмирање за месец октомври 2022.

 

Име и презиме: Далибор Тренчевски

По професија: Уметник со тенденција да инкорпорира компјутерски вештини во работата.

Академија: Академија за Front-End програмирање

Зошто баш Front-End: Идејата беше да почнам да навлегувам во IT светот преку област која најмалку ми е позната и ќе ми биде најтешко да ја разберам. Се одлучив за Front-end програмирањето поради тоа што сметав дека преку визуелни референци полесно ќе можам да почнам да ја разбирам природата на машината. За сега, чувството е сѐ уште волшебно и не сум сигурен дали ќе се смени и дали воопшто треба да се смени. Како и да е, единствената непредвидена работа во целава авантура е дека ќе биде исклучително забавно.

Што те мотивира постојано да учиш: Чувството на целосна контрола над материјалот пред час, и чувството дека не разбираш ништо после час. Колку повеќе дознавам за работиве, толку повеќе сфаќам дека светов за истржување е огромен и никогаш нема да знам сѐ. 

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Дека и за програмирањето на прво место е чиста, детска неискварена инспирација.

Омилен модул и зошто: JavaScript. Предизвикувачки, непредвидлив, полн со можности. Единствено, ограниченото знаење и недостигот на креативност можат да те спречат да го направиш тоа што си го замислил.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Со должна почит до сите инструктори, Огнен Бендевски и Aлександар Јолакоски.

Хоби: Учам да цртам на таблет, ептен релаксира.

Омилена книга: Мртви души – Николај Гогољ

Омилен цитат: „Буди то што јеси, али БУДИ!!!“ – Топ листа надреалиста

 

Уписите за следната група на Академијата за Front-End програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!