Brainster Podcast Ep 04: Data Science 101 со тим Pendulibrium

Во четвртата епизода од Brainster подкастот поразговаравме со Симона Иванова, Давид Симеоновски и Илија Лалковски, познати како тимот Pendulibrium во Web Factory. Зборуваме за нивното учество и одличен пласман на натпреварот Kaggle како и за Data Science и започнување кариера во ова поле.

Годинава предизвикот на Kaggle натпреварот беше да се направи предвидување на трансакциите на потрошувачите (Customer Transaction Prediction) врз база на необработени и анонимизирани дата сетови добиене од Santander Групацијата на Банки од Шпанија. Единствено што го знаеле на почетокот е дека не сакаат да одат со традиционални и конвенционални решенија поради што првите пет недели биле на дното од листата. Одлуката да не одат со конвенционално решение на крајот се исплатила, и од над 8800 пријавени тимови завршија на 148 место, со што освоија сребрен медал. Доста детална анализа за нивниот пристап кон проблемот и како го решиле можете да пронајдете на нивниот блог на Medium.

Илија Лалковски е CEO и еден од четворицата коосновачи на Web Factory. Во изминатите години тие имаат реализирано проекти за повеќе од 50 клиенти на 3 континенти, првенствено од САД, Канада, Јапонија и Велика Британија. Годинава слават 10 години од основање. Покрај тоа што голем дел од над 60 вработени работат во тимови кои се фокусирани на web и mobile development како и UI/UX, од пред две години во рамките на компанијата работат и два нови тимови, Pendulibrium како Data Science тим, и Sindex, кој е фокусиран на game development и моментално работи на проект од серија игри за ESA-European Space Agency.

Иако целата област е сѐуште на почеток во Македонија, сепак, сѐ поголем број од ИТ компаниите се во процес на формирање или проширување на нивните data science тимови. Во Brainster месецов започна првата генерација на Академија за Data Science а во тек се пријавувањата за наредните групи кои почнуваат во 2020. Целата програма може да ја пронајдете тука.

Related Stories For You

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА