Новонастанатата ситуација, така сѐ уште ја нарекуваме, е факт. Ова е реалноста. Се случува сега и треба да анализираме, да размислуваме, да пробаме да го предвидиме влијанието. Но, целосните последици од влијанието на пандемијата нема да бидат познати во наредните месеци – можеби години. Но тоа што е сигурно, компаниите треба да продолжат да инвестираат, да отвараат работни места, да пивотираат, да се прилагодуваат а со тоа да придонесат кон закрепнување на економијата во нашата држава.

Изминатите 5 години им помогнавме на 9000+ алумни да дипломираат, 85% од студентите да се вработат, соработувавме со 300+ hiring / learning партнери, и бевме домаќини на 120+ настани. Започнувајќи од денес, Brainster оди во Виена, одбележувајќи голем чекор во растот на нашиот екосистем, и само дел од нашите планови за експанзија.

Досега, континуирано ги прилагодувавме програмите и го усовршувавме процесот на учење нови дигитални вештини. Соработувајќи со експерти од tech сцената, одблиску ги набљудувавме сите фази на учењето, осигурувајќи се дека инструкторите и студентите држат темпо кое создава таленти спремни за реалниот свет.

Што е следно?

Како организациите еволуриаат, почнуваат да и влијаат трансформаторски на својата околина. Нашата визија е да придонесеме кон изградба на заедници од иднината, подготвени да се соочат со предизвиците на новиот свет. Ќе продолжиме да инвестираме во знаење, таленти, кариерни трансформации, ментори, програми, хабови, настани. Ќе направиме сѐ што е потребно за да ја поддржиме економијата на таленти. На tech индустријата и требаат свежи таленти СЕГА повеќе од било кога.

Мисија ни е едноставна: во наредните 10 години ќе им помогнеме на 1 милион млади луѓе да станат лидери во Tech индустријата.

Ако се пронаоѓаш во нашата мисија, погледни ги нашите отворени работни позиции.

 

Brainster заедницата, сега и глобална

Секогаш тука за тебе, и надвор од виртуелната училница. Дипломираните, сегашните, и иднинте студенти кои ќе се запишат на октомврискиот рок, ќе имаат доживотен пристап до нашата заедница. Brainster платформата нуди можности за вработување, можности за бизнис, консултации, настани, вебинари, ресурси за учење, алатки и совети. Brainster студентите се интегрирани во една мрежа во која луѓето се грижат едни за други и остануваат поврзани. Глобализацијата на нашата едукациска платформа значи многу нови инструктори и партнери од странство, правејќи ја експертизата во нашиот екосистем уште поагилна и поконкурентна на глобалниот пазар на труд.

Иднината

Пред 5 години го започнавме Brainster за да решаваме тешки предизвици како на пример образованието.

Додека светот се опседнуваше со социјални мрежи, апликации и други производи за масовна консумпција, ние инвестиравме во едукацијата. Се надевавме дека еден ден ќе бидеме наградени за нашите напори. Во 2018 нашата надеж започна да станува реалност. Започнавме да растеме, инвестиравме во нови продукти со план дека ќе започнеме да ги решаваме овие предизвици и интернационално. Велат дека ако не се движиш нанапред – се движиш наназад.

Во 2020-та година засекогаш се промени начинот на кој луѓето живеат, работат и учат. Компаниите низ светот работат на тоа да ја забрзаат дигитализацијата за да ја пресретнат глобалната трансформација, имајќи потреба од кадри со дигитални и технички вештини. Одлучи да се фокусира на тоа да ги направи овие дефицитарни вештини достапни за секого, придонесувајќи кон изградба на заедници од иднината, подготвени да се соочат со предизвиците на новиот свет.

Brainster оди во Виена

 

Денес правиме еден голем чекор нанапред. Приклучи ни се и прослави го лансирањето со нас. Домашниот производ изграден од гаража во Скопје оди да го види светот! 🙂

Дознај повеќе тука.

 

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.