Некои би рекле дека 2020та беше најтешката година за светот во понови времиња. Ова време минатата година, бевме возбудени да влетаме во 20тите, носејќи многу ентузијазам за новото поглавје. Никој не очекуваше дека 2020та ќе донесе необична ситуација која ќе нè затвори дома, и ќе го преврти светот наопаку.
Наспроти предизвиците кои годината ги донесе, Brainster и заедницата постигнаа до сега најголеми успеси за компанијата, но и за образованието во целост. Бурата нè изненади од ведро небо, кога никој не беше подготвен. Брзата реакција беше клучна, а секој член од тимот го даде својот придонес. Гледаме на 2020та како обновувачка година која ја забрза дигитализацијата, ѝ даде сила на технологијата, и го исфрли светот надвор од патеката, поблиску до ‘иднината’.
Ова се најдобрите работи кои ни се случија во 2020та.
–
Им помогнавме на 509 дипломирани студенти да најдат нова работа
Ризикот од губење на работното место беше постојано присутен годинава. Но, одредени дефицитарни професии речиси и да не почувствуваа никаква разлика. Додека светот стоеше на пауза, нашата единствена мисија беше да ги одржиме студентите мотивирани за успех, наспроти тоа да се откажат од можноста за успешна кариера.
Тие ги инвестираа карантинските часови усовршувајќи ги своите дипломски проекти, полирајќи ги своите CV-ја, и вежбајќи ја совршената презентација за интервју. Веруваме во тоа дека упорноста се учи, а и дека е заразна исто така. Ивона и Никола се едни од најуспешните приказни годинава, со нивните нови remote вработувања во словачката компанија i.ERP!.
–
Интернационализација и работење 100% remote
Со започнувањето на мерките за социјално дистанцирање, ги префрливме сите предавања и активности онлајн. Програмите за Data Science и UX/UI Design ги лансиравме во Виена, Загреб и Љубљана. Наместо да изгубиме 100% од бизнисот со тоа што не смееме да ги групираме студентите во нашите училници, ги надминавме сите таргети и планови за 2020. Ја лансиравме Brainster виртуелната училница за само неколку денови, но се уште продолжуваме да ги надоградуваме алатките за персонализирано искуство во учењето. Една од неколкуте алатки кои следуваат е Квизот за кариерно насочување, но за тоа повеќе во 2021ва.
–
Отворање на новиот Brainster Space од 500m2
И покрај тоа што имавме само еден месец работа во новите канцеларии, нашиот нов простор нè чека да се вратиме кога пандемијата ќе заврши.
–
Изработка на high-tech проекти од студентите на Академијата за Data Science
Во модерните времиња кои ги движат податоци, Data Science професионалците ја имаат моќта да ја сликаат нашата претстава за светот. Откако ги совладаа модулите на Академијата за Data Science, дипломците ги презентираа завршените проекти на Demo Day. Computer Vision модел, Machine Learning Based Bank Marketing Model, NLP Chatbot, и уште еден Computer Vision Model беа до сега најкомплексните проекти завршени на нашите Академии. Честитки до сите дипломци – се восхитуваме на вашата упорност и се гордееме на вашите достигнувања!
–
Раст: највисоки бројки до сега
- Тимот продолжува да расте. Им посакавме „Добредојде!“ на 17-те нови членови на тимот: Бранкица, Сергеј, Стефан, Ивица, Миа, Стефан, Дарија, Симона, Симона, Весна, Бојан, Ана, Тамара, Вилијам, Јована, Александар и Ирена. Изграден е првиот Dev Теам во компанијата. Let’s make some rockets together!
- Нови експерти во инструкторскиот тим: 50+ нови професионалци – лидери во својата бранша – се приклучија на инструкторскиот тим за да направат врвен трансфер на своето знаење, поддршка и помош за нашите студенти.
- Нови програми: лансиравме Академии за UX/UI Design и Software Testing со цел да одговориме на пазарните потреби.
- Бројот на Brainster дипломци ја надмина бројката од 9.000, со 1.000 нови студенти само од изминатата година.
- Раст од 150%+, веќе трета година по ред.

Твоите 5 минути може да дојдат во моментите кои следат. Што е она што ќе го постигнеш во 2021, ако мораш? Кои и да се твоите животни цели и аспирации, во новата година ти посакуваме храброст за цврсто да чекориш кон нив. Среќни Божиќни и Новогодишни Празници од нашето семејство – до твоето!
–
Brainster одблизу: Најдоброто од 2020