Дигиталниот маркетинг е секаде околу нас.
Дигитален маркетер е професионалец кој се бара се почесто бидејќи 1 добар маркетер може да замени цела маркетинг агенција.
Дигиталниот маркетинг, во светот почнаа да го викаат и Martech – кованица од Marketing и Technology. Ние гледаме на него како единствениот маркетинг што постои бидејќи сите се онлајн.
Ако веќе некое време размислуваш да ја промениш кариерата…
Ако сакаш да почнеш да го истражуваш дигиталниот пејсаж или да дознаеш во што си добар – тогаш овој курс е за тебе.
✓ Ќе се запознаеш со основите на дигиталниот маркетинг.
✓ Ќе научиш што е маркетинг стратегија која носи резултати и влијае на бизнис резултатите.
✓ Ќе научиш како можеш да стигнеш до таргет публиката со правилно поставување на цели и KPI’s.
✓ Преку реални примери ќе дознаеш за најновите трендови во дигиталниот маркетинг и маркетинг каналите кои најдобро функционираат.
Добриот маркетер мора да има 3 работи:
mindset за континуирано подобрување, претприемнички вештини и креативност. Добриот маркетер мора секогаш да биде љубопитен.
Што ќе научиш на онлајн предавањето?
Ќе добиеш фундаментално разбирање на основните алатки на дигиталниот маркетинг
Ќе научиш како да таргетираш публика како дел од твојата маркетинг стратегија
Ќе научиш да правиш разлика помеѓу традиционалните и дигиталните техники
Ќе научиш како поефикасно да избереш медиуми за канализирање на содржините
Ќе научиш како маркетингот се интегрира во компаниите
Ќе се запознаеш со основната маркетинг терминологија
Ќе добиеш темплејт за изработка на маркетинг стратегија
Агенда
- Вовед
- Типови на дигитален маркетинг
- Маркетинг инка (funnel)
- Oсновни маркетинг канали и нивна интеграција во компанијата
- Разлика меѓу organic и paid digital marketing
- Улогата на маркетерот во една компанија
- Digital Marketing Strategy
- Q&A
Што ќе добиеш на ова онлајн предавање?
✓Одговори и насоки од инструкторот за време на предавањето
✓Материјални на e-mail после предавањето
✓Можност за поставување прашања во реално време
✓Можност да го направиш твојот прв чекор во започнување на дигитална кариера
Што ќе ти биде потребно?
– Компјутер/лаптоп/таблет
– Одлична интернет конекција
– Слушалки
– Желба да започнеш со работа во дигитален маркетинг
За инструкторот: Теодора Николовска е основач и сопственик на Vrootok, дигитална агенција за маркетинг и консалтинг, која работи со клиенти од САД, Западна Европа, Австралија и Израел. Воедно е директор за Startup Grind Skopje (иницијатива поддржана од Google for Entrepreneurs) и работи како маркетинг консултант, тренер и ментор.
Овој Webinar е лансиран од страна на студентите на Академијата за маркетинг на Brainster.