Како до добар маркетинг план – Бојана Мандевска

Ова е гостински текст напишан од Бојана Мандевска која моментално е дел од Академијата за маркетинг.


Да се има солидна маркетинг стратегија е основата на добро напишан маркетинг план. Иако содржи листа на акции, доколку нема цврста стратешка основа, тој е од мала корист за бизнисот. Може да се дефинира и како техника која му помага на бизнисот да одлучи за најдобро искористување на своите ресурси за да се постигнат целите. Таа техника може да содржи целосна анализа на силните страни и слабости на една компанија, нејзината организација и нејзините производи.

Маркетинг план е составен дел од вкупниот бизнис план на компанијата во кој се изложени маркетинг стратегии и тактики.

Најчесто маркетинг планот се фокусира за одреден временски период од 12 месеци т.е. една година. Во него се содржани различни детали повразни со маркетингот како што се трошоците, целите и чекорите на акција. Маркетинг планот не е статичен документ. Потребно е да се прават промени и да се развива заедно со развојот на бизнисот земајќи ги притоа во предвид и маркетинг трендовите. Mоже да се користи како формален или неформален документ што го прави да биде флексибилен.

Во дефиницијата за маркетинг план неколку пати се споменува маркетинг стратегија, па ајде и неа да ја дефинираме за да можеме полесно да ја разбереме суштината и целта.

Маркетинг стратегија е план на акција дизјаниран да ги привлече луѓето да ве одберат вас.

Маркетинг стратегија е целокупната игра на бизнисот за придобивање на лидови и нивно претворање во клиенти на производот или услугата што ја нуди бизнисот. Стратегијата го информира маркетинг планот, а пак планот е документ кој ги прикажува видовите и времето на маркетинг активностите. Маркетинг стратегијата на компанијата треба да има подолг животен век од кој било поединечен маркетинг план. Стратегијата е местото каде што се наоѓа вредноста на понудата и клучните елементи на брендот на компанијата.

akademija marketing

All you need is the plan, the road map, and the courage to press on to your destination.

Алатка што треба да се користи секојдневно во секој бизнис.

При изработката на маркетинг планот треба да се стави фокус на тоа што треба да се разбере на пазарот и како да се освои таргет групата. Но, во основа треба да се задржиме на неколку работи:

1. Детали за моменталната состојба на нашиот бизнис

Кој е нашиот производ или услуга? Што функционира на пазарот и со какви предизвици може да се соочиме во моментов при генерирање нови клиенти и потрошувачи? Кои проблеми можеби ќе ги сретнеме во текот на следната година, нови закони кои можат да влијаат на тоа како работиме?

2. Која е таргет групата која треба да ја заинтересираме и освоиме?

Кој е најсоодветниот потрошувач на нашиот производ или најдобриот клиент за нашата услуга? Да дознаеме кој е проблемот кој нашата таргет група го има и како нашиот производ/услуга би помогнала за решавање на истиот. Може да имаме и неколку поттипови на потрошувачи во нашата таргет група. Познавањето на таргет групата на пазарот и нивните потреби помага да креираме пораки специфични за пазарот и да ги поставиме каде што ќе бидат видливи за да се постигне поголема ефикасност.

3. Кои се нашите цели за временскиот период на маркетинг планот?

Да бидеме специфични во дефинирањето на нашите цели, пр. зголемување на е-мејл листа за 10 % во текот на следната година или наоѓање 300 нови клиенти. Важно е да можеме да ја измериме ефикасноста на нашиот маркетинг план со тоа што ќе имаме добро одредена квантитативна цел.

4. Кои маркетинг тактики ќе ги користиме за да стигнеме до нашата таргетирана група и цели?

Нека нашиот таргетиран пазар ни биде нашиот водич во одлучувањето какви маркетинг стратегии ќе користиме. Да истражиме каде се движи нашата таргет група кои се нејзините навики, како го поминува своето слободно време, кои се нивните интереси? На пример нашата таргет група голем дел од своето време го поминува на социјалните мрежи т.е. на фејсбук. Следејќи ги нивните навики ние ќе треба да создадеме своја страна на фејсбук и да започнеме со фејсбук рекламирање.

5. Колку ќе чини? 

Одговорот на ова прашање ќе помогне да се утврди буџетот за маркетинг планот. Со колку средства располагаме и како ќе ги насочиме за да ги постигнеме целите? Ќе плаќаме за рекламирање или е-mail маркетинг? Голем е изборот. Од сите начини за трошење пари во нашиот бизнис, маркетинг е приоритет, сè додека инвестираме мудро.

Од се погоре кажано околу маркетинг планот може да заклучиме дека тоа е патна карта која ја обезбедува насоката кон постигнување на бизнис целите. Потребно е често проверување на планот и оценување на постигнатите резултати со намера да се види дали се движиме во правилна насока. Главна цел на маркетинг планот е да ги прикаже чекорите или акциите кои треба да се преземат за да се остварат поставените цели.

akademija marketing

Овој текст е објавен во категоријата Маркетинг и ги содржи следните клучни зборови: Brainster. brainster kariera, kariera. kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, kurs za microsoft excel, kurs za illustrator. kurs za photoshop. kurs za pr, kurs za onlajn marketing, obuka. akademija za marketing, obuka za internet marketing skopje. obuka za facebook, обука за маркетинг. kurs za google ads, курс за google ads, обука за google adwords, digitalen marketing skopje, makedonija. akademija za marketing, академија за маркетинг. akademija

Related Stories For You