Запознај ја Ленче Симјаноска – Dream Team студент на Академијата за човечки ресурси за месец мај 2023.
Име и презиме: Ленче Симјаноска
По професија: Економист
Академија: Академија за човечки ресурси
Зошто баш оваа област: Досегашното искуство и секојдневното работење со многу луѓе, дополнително ме поттикна да размислам подлабоко и да навлезам во областа на човечки ресурси.
Што те мотивира постојано да учиш: Сметам дека во оваа област има многу што може да се научи и во пракса да се примени, а еден од главните мотиватори ми е да создадам нешто позитивно, кретивно и корисно за општеството. Само доколку се стекнам со повеќе знаење од оваа област ќе имам можност и моќ да променам некои работи, за да го направам светот поубаво место за работа и живеење – тоа ми дава голем мотив и желба за учење.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Од Aкадемијата научив многу работи, но со присуството во оваа Aкадемија, си потврдив дека човекот е посреќен, помотивиран и со поголема желба за успех, доколку се покаже малку емпатија, разбирање, поддршка, соработка…
Омилен модул и зошто: Сè уште сите ми се омилени модули, но најмногу интерес ми пробудија и најдобар впечаток според материјата која се обработуваше, ми оставија: Recruitment, selection and onboarding, Organizational design, Employee training, learning and development, Organizational culture…
Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Мислам дека сите треба да ги набројам, но доколку морам да издвојам, би ги спомнала Викторија Дамчевска, Лилјана Секуловска, Александра Тасевска, Билјана Алампиоска… Многу добар впечаток ми остави нивниот начин на предавање, концепот на часовите, материјалите кои беа споделени, презентациите, нивниот пристап…
За 5 години сакам да бидам: За 5 години… Јас сум раководител на сопствена реномирана компанија, работам како HR со врвни, познати, светски компании, каде можам слободно да размислувам, креирам и создавам системи и процеси кои им помогаат на вработените и работодавците да ги споделат и спроведат своите идеи, каде можам да делувам на препознавање, подобрување и на наградување на перформансите… каде дел од работните навики ги променив на подобро, создадов нова работна култура…
Хоби: Во слободно време сакам да читам, да плетам, да патувам и да се дружам со семејството, да готвам….
Омилена книга: Ги има повеќе, но оние коишто повторно би ги прочитала и ми се омилени се: „Тајните на милионерскиот ум“, „Атомски навики“…
Омилен цитат: „Јас сама не можам да го променам светот, но можам да фрлам камен преку водата за да создадам многу бранови.“
Уписите за следната група на Академијата за човечки ресурси се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!
