4 причини да почнеш да учиш дигитален маркетинг денес

Изминативе години програмирањето стана број еден професија за сите оние кои размислуваа и се впуштија во промена на професија. Одлични услови за работа, релативно кратко време потребно да се премине од апсолутен почетник до некој што работи за почетна плата од 800+ евра и професија во која брзо и осетно се напредува, се само некои од причините за тоа.

Но, не можат сите да бидат програмери. Иако голем дел од успешните приказни објавени до сега го рушат овој мит сепак кај голем дел од луѓетo уште постои некаков страв од програмирањето како премногу тешко. Или едноставно, како нешто што не одговара на нивниот темперамент и афинитети.

Токму тука во приказната влегува дигиталниот маркетинг, посебно ако се земат предвид фактите подолу.

1. Маркетингот станува се’ повеќе платен и тој тренд ќе продолжи

Можеме да зборуваме за љубов кон професијата, за креативни можности, желба да се направи некакво позитивно влијание. Сепак кај повеќето од нас прва мотивација се парите.

Според истражувањето кое годинава го направи порталот IT.mk, „Мапирање на ИТ индустријата во Македонија“, платите во маркетинг секторот се движат во нагорна линија и за прв пат после подолго време се приближуваат кон платите во програмирањето.

Ако мислеше дека „илјадарчето“ може да се заработи само како програмер, токму ова истражување потврди дека со просечна плата од 59.600 денари (за сениорски позиции) дигиталниот маркетинг и тоа како напредува во поглед на платите.

„Најголем дел од анкетираните се декларираат како менаџери за дигитален маркетинг (31.62%). Потоа следуваат social media менаџерите, SEO специјалистите, е-маркетинг специјалистите и content writers со околу 10% од одговорите. Најголеми примања според работна позиција имаат Growth хакери со просечни месечни примања од 119.333 ден. Најмали примања имаат дигиталните маркетери кои работат со генерација на лидови (21.500 ден.) и менаџерите на друштвени медиуми (22.641 ден.)“

Ако си junior во светот на дигиталниот маркетинг, можеш да очекувате просечна плата од 25.222 денари, но доколку започнеш кариера во freelance водите тогаш месечните хонорари можат да бидат и неколку пати поголеми. Повеќе за ова може да чуеш и во втората епизода од нашиот подкаст во која гостуваше Ема Ристовска од IT.mk.

2. Дигиталниот маркетинг никогаш не бил повеќе баран од денес

Преку Програмата за вработување која им е на располагање на студентите од Академијата за дигитален маркетинг, Brainster има одличен увид во побарувачката на пазарот за дигитален маркетинг. Академијата е едно од првите места на кои компаниите со потреба за таленти од дигитален маркетинг се јавуваат за препорака.

„Само за време на траењето на последната академија, добивме 28 барања за кандидати за позиции во дигитален маркетинг. Од студентите на Академијата за дигитален маркетинг кои бараа работа, 15 успеаа да се вработат на дел од понудените позиции. Селекцијата за дел од овие огласи се уште се во тек и очекуваме бројот на вработени да се зголеми.“ – вели Дарјан Раденковиќ, CMO на Brainster и координатор на Академијата.

Дарко Булдиоски, сопственик на New Media Marketing – агенција за дигитален маркетинг и програмски директор на првата и најголема конференција за дигитален маркетинг во државава – AllWeb, е еден од луѓето кои имаат најдобар увид во индустријата.

„Скоро и да не постои кампања, активација, комуникација во која не се вклучени дигиталните канали за комуникација. Оттаму познавањето и дигиталниот маркетинг стана неопходна вештина која мора да ја има секој тим. Секако, кога основните познавање и потреби се на повисоко ниво, потребата од експерти во одредени конкретни области на дигиталниот маркетинг почнува сериозно да се зголемува. Токму затоа пазарот има сериозни и добро дефинирани потреби за т.н. дигиталци.“ – вели тој.

Истовремено, и дел од компаниите веќе го сфатија значајот на дигиталниот маркетинг за нивниот бизнис и почнаа да инвестираат се’ повеќе ресурси. Ратка Пемова е маркетинг менаџер на Мако Маркет, една од најголемите домашни компании од FMCG секторот и компанија која мошне сериозно пристапи кон предизвиците и можностите кои ги носи дигитализацијата. Таа вели дека динамиката со која се менуваат работите е главен мотиватор да бидат во тек со новите трендови и да развиваат нови идеи.

„Велат дека до 2021 година, 75% од тоталниот маркетинг буџет ќе се троши на дигитален маркетинг, а веќе живееме во време во кое парите кои ги заработуваат Facebook и Google ги надминуваат оние на сите традиционални медиуми заедно. Затоа, ние во Мако Маркет решивме дека дигиталниот маркетинг мора да стане дел од нашата интерна структура, а не само во рамките на соработка со агенција. Едноставно, дигиталниот маркетинг стана нешто на што мора да се размислува секој момент, а не од еден до друг пост на социјалните мрежи. Двонасочната комуникација со потрошувачите која сега е возможна, колку што е едноставна од аспект на лесно пласирање на информации толку е и комплицирана од аспект на создавање релевантни релации“, додава таа.

 Последната аквизиција на растечкиот маркетинг тим на Мако Маркет, дојде токму од Академијата за дигитален маркетинг на Brainster.

3. Дигиталниот маркетинг е совладлив без оглед на твојот бекграунд

Ова е една од причините зашто толку многу луѓе го гледаат дигиталниот маркетинг како прв избор за нова кариера или преквалификација.

Освен ако живееш како амиш или аскет веројатно е дека користиш некоја од социјалните мрежи, така што во старт дел од опкружувањето во кое ќе работиш ти е доволно познато. Ја разбираш логиката на социјалните мрежи, веќе можете да препознаете што функционира а што не врз база на искуството како активен корисник. Но сепак, постои голема разлика помеѓу активно користење и активно работење – токму затоа е потребно систематизирано знаење комбинирано со практично искуство.

Facebook, Twitter, Google, LinkedIn, Instagram и сите други мрежи имаат доста различни пристапи во тоа како се креираат реклами, како се таргетира соодветна публика, што функционира а што не и кои формати на постови се прифатливи а кои не. Но, сите овие платформи се доволно „user friendly” и ќе ти дозволат интуитивно да се снајдеш со интерфејсот. Иако е потребно време да се научат сите можни опции и како истите можат да се комбинираат, самиот процес е доста разбирлив а резултатите се видливи веднаш.

4. Дигиталниот маркетинг нуди мноштво кариерни патеки

Доколку си еден од оние луѓе на кои бргу им здосадува монотона, репетитивна работа тогаш маркетингот е дефинитивно професија за тебе. Убавината на маркетингот е можноста секој да си пронајде нишка во која ќе може најслободно да ја изрази својата креативност и талент.

Доколку умееш убаво да пишуваш тогаш ќе можеш да се пронајдеш во content marketing и copywriting. Ако си повеќе склон кон технички вештини, внимаваш на детали, можеш да размислуваш за добро платена кариера во SEO (Search Engine Optimization).

Ако те одликува изразена аналитичност, тогаш ќе можеш да се посветиш на алатките како Google Analytics. Одлично платен е делот на рекламирање или PPC, кој ги опфаќа рекламирањето со платформите Facebook Ads и Google Ads. Можеш да се остручиш и за Lead Generation, E-mail маркетинг или Social Media Management.

Со стекнувањето на позначајно искуство ќе можеш да работиш и во делот на CRO (conversion rate optimization) или Growth Hacking.

Во секој случај кариерните можности се речиси неограничени и уште долго време ќе бидат во фокусот на интересот и побарувачката, а поважно од се – ќе бидат уште долго отпорни на промените што ги носи иднината.

Ако сакаш да дознаеш уште повеќе за кариера во дигиталниот маркетинг – изгледај го нашето бесплатно онлајн предавање „Како до кариера во дигитален маркетинг“. А ако ни веруваш и знаеш дека навистина треба уште од денес да почнеш со учење, те чекаме на Академијата за дигитален маркетинг која почнува на 01 октомври!

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.