Сите го имаме другарот кој „вчера почна да учи програмирање, а ене го сега зема над 1.000 евра“. Се разбира, другарот најдобро знае со колку труд стигнал до таму, но ако се направи споредба со времето потребно преку традиционалото образование да дојдете до плата од 1.000 евра, „програмерскиот пат“ навистина изгледа многу поефикасен.

Зборуваме од искуство. Низ нашите Академии во Brainster поминаа стотици луѓе, најголемиот дел од нив без никакво претходно искуство и од сосема неповрзани области со програмирање (правници, економисти, сообраќајни инженери… имавме дури и поп). Огромно мнозинство од нив започнаа нови кариери, после само 9 месеци динамична обука.

Антонио пред да започне со програмирање беше дел од невладиниот сектор. На Академијата за програмирање се запиша бидејќи сфати дека повеќе не се пронаоѓа во неговите секојдневни активности. „Се наоѓав во период кога и на приватен и на професионален план бев спремен да донесам одлуки што носат поголеми промени. Изборот на професија, секако беше комплициран во однос на моите желби и потреби, а истовремено се трудев да изберам професија што ќе ме осигура финансиски во поскоро време.“

Како еден од најдобрите учесници на Академијата, Антонио веднаш по завршувањето започна кариера во софтверска компанија. Во моментов работи како програмер во Laika, платформа за поврзување компании и tech таленти.

Иако студентите од Академијата кариерната трансформација ја започнуваат како практиканти и на junior позиции, тие од самиот старт земаат плата еднаква или повисока од просечната. Најголемата разлика по однос на традиционалното образование и административна кариера, настрана времето поминато во студирање, е дека пред нив се отвора цела кариера со огромна можност за напредок и раст на примањата.

Дипломираниот економист Мартин беше вработен во банка кога се реши да направи промена во неговата кариера. Мартин за академијата дознал преку социјалните медиуми а особено му се допаднал идејата за изработка на реални проекти кои се корисни за заедницата. „Решив да се преквалификувам и затоа избрав да започнам на Академијата. Посветено ја следев целата програма, учев, ги завршував задачите и ја исполнив својата цел да станам Front end Developer.“   Приказната на Мартин е една од многуте приказни за успешна преквалификација.

Добрата работа е што преквалификацијата е поедноставна одошто повеќето луѓе мислат, а новата кариера e достапна за релативно кратко време. Потпирајќи се на нашето досегашно искуство, програмирањето можеме да го издвоиме како една од  вештини кои докажано можат за кратко време да ви овозможат нова, добро платена кариера,  но и отпорна на промените кои ги носи иднината.

„Верувам дека програмирањето може да биде буквално за секого доколку дисциплината ви е дел од секојдневието.“ вели Ивана која по завршувањето на академијата се вработи во Бизнис каталог како front-end девелопер. „Сѐ се одвиваше според мојот план, Академијата ги исполни сите моите очекувања, па можам и скромно да кажам дури и повеќе од тоа, земајќи во предвид колку целиот тим ми излезе во пресрет со вон наставни прашања, дополнителни вежби и посветеност.“

Програмирањето не е толку комплексно да се научи колку што делува на прв поглед доколку немате никакво претходно искуство. Исто така треба да знаете дека нема потреба да научите еден куп програмски јазици за да дојдете до одлична плата. Доволно ќе ви биде за почеток да се фокусирате на еден сегмент и за период од една година можете од апсолутен почетник да дојдете до ниво на junior девелопер. Тоа пак ќе ви отвори одлична можност за кариерен развој и плата која е далеку над домашниот просек.

Академијата за програмирање на Brainster е одлично место за да ја започнеш твојата кариерна трансформација. За пролетните групи се останати уште 3 места, а следните групи почнуваат во октомври. Повеќе за академијата може да дознаете на овој линк.