Светот на потрошувачите во 21от век може да се нарече уште и свет на информираните потрошувачи. Велам информирани затоа што истите тие пронајдоа начин како да ги “исклучат” традиционалните канали на маркетирање (телевизија, списанија и сл.). Имајки го ова во предвид, паметните маркетери пронајдоа подобар и поефикасен начин за маркетирање. Добредојдовте во светот на content marketing.

Но што всушност претставува content marketing?

Content marketing е стратешки маркетинг пристап фокусиран на креирање и дистрибуција на релевантна и конзистентна содржина која има вредност насочена кон привлекување и задржување на јасно дефинирана публика, преку која ќе се искреира профитабилна клиентска акција или активност.

content marketing 1

Тоа значи дека целта на Content marketing-от е да привлече и задржи клиенти преку конзистентно креирање и моделирање на релевантна и вредна содржина со единствена цел насочена кон модифицирање на клиентското однесување.

Некои велат дека content marketing е уметност на комуницирање со Вашите клиенти без притоа да им “продавате”. Наместо да ги “продавате” Вашите производи или услуги, Вие односно Вашата компанија проследува информации кои што го прават крајниот купувач поинформиран и поинтелегентен за сопствените избори. Во суштината на оваа стратегија е верувањето дека, Вие, како и Вашиот бизнис, испорачувате доследни и навремени информации до купувачите, за да на крај, истите тие го наградат вашиот бизнис со лојалност.

content marketing 2

И знаете што? Овој пристап функционира беспрекорно во сите компании – од најмалите до најголемите.

Content marketing-от претставува сегашност – и иднина – на маркетингот

Вратете се назад и прочитајте ја дефиницијата за content marketing уште еднаш, но овој пат избришете ги зборовите релевантен и вреден. Тоа е разликата помеѓу content marketing-от и останатото информационо “ѓубре” кое го добиваме од компаниите кои се обидуваат да ни продадат “работи”. Компаниите континуирано проследуваат информации – но не секогаш е релевантна и/или вредна таа информација (спамирање). Тоа е она што го прави content marketing-от толку занимлив во денешно време. Добриот content marketing допринесе за тоа да една личност застане… прочита… размисли…се однесува… различно.

Лидерите во областа на маркетингот, како и маркетинг експертите, вклучувајки го и Сет Годин и илјадници други, се категорични дека content marketing не е само иднина, туку и сегашност (во прилог видео со историјатот на content marketing-от).

Маркетингот е невозможен без одлична содржина

Без оглед на тоа какви маркетинг тактики ќе употребувате, content marketing-от треба да биде составен дел од процесот, а не посебен дел. Квалитетната содржина претставува интегрален дел од сите форми на маркетинг:

  • Social media marketing: Стратегијата за content marketing доаѓа пред стратегијата за социјалните медиуми.
  • SEO: Search engine-те ги наградуваат бизнисите кои објавуваат квалитетна и конзистента содржина.
  • PR: Успешните PR стратегии ги адресираат темите за кои нивните читатели се заинтересирани, не за нивниот бизнис.
  • PPC: За PPC да работи, ви треба одлична содржина која ќе го поддржи.
  • Inbound marketing: Содржината е главен двигател за inbound traffic и leads.
  • Стратегија за содржина: Стратегијата за содржина е дел од многуте content marketing стратегии.

Според едно истражување на Roper Public Affairs, 80% од одлучувачите во рамките на бизнисите преферираат да добиваат информации поврзани со едредена компанија во серија на објави (артикли) во споредба со реклама. 70% велат дека content marketing-от ги прави да се чувствуваат поблиску до производот што е тема на разговор, а дури 60% велат дека тоа им помага подобро да донесат одлука во врска со одреден производ или услуга.

 

Моќно!

Дали и колку често користите content marketing? Како вие и вашиот бизнис “продавате”? Можеби овој пост ќе ви даде совет за една поинаква насока!

Среќно

brainster.co заедницата

Ако ви се допадна овој пост, посетете ја серијата на микро постови на овој линк. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со вашите пријатели.

Related Stories For You