Нотес за 21-от век: Rocketbook Wave – производ на денот #9

„Производ на денот“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори чија цел е да го модернизираaт образованието. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете ја со пријателите.

Rocketbook Wave претставува одлична комбинација на традиционално пишување со модерниот начин на живот во 21-от век. Имено, овој производ им овозможува на луѓето да уживаат во задоволството на традиционалното пишување користејќи пенкало и хартија, и притоа со помош на вашиот телефон, се врши дигитализација на сите белешки кои потоа се испратени на Cloud.

https://vimeo.com/121288955

Rocketbook системот е комбинација од посебен револуционерен нотес, пенкало и мобилна апликација која е достапба за IOS и Andorid. Користете ги нотесот и пенкалото да пишувате белешки и да креирате дизајни. Потоа, користете ја апликацијата која ќе ги префрли вашите белешки во Cloud во Dropbox или Evernote. Секоја страница се обработува за да се задржи квалитетот, а потоа се испраќа до одредена дестинација која вие ја бирате со означување на некоја од иконите што ги има на дното од секоја страница.

RocketBook Wawe - photo 0

Со RocketBook Wave вашите белешки се чуваат безбедно во Cloud, a кога ќе користите Pilot Frixion пенкала, можете да ги избришете вашите забелешки користејќи ја вашата микробранова печка. Започнете го вашиот ден со чисто нов Rocketbook!


Може да ве интересира:


 

RocketBook Wawe - photo 1.png

Во моментов Rocketbook може да се нарача преку Indiegogo и се нуди во 9 различни пакети. На пример еден RocketBook со три Pilot Frixion пенкала (со вклучена испорака) чини 45$. RocketBook има за цел да ни го олесни начинот на кој ги чуваме забелешките и да бидеме по-продуктивни. Ние веќе направивме нарачка, дали вие би го користеле?

Среќно,
Brainster заедницата

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.