Добијте одлични повратни информации од клиентите со FourEyes – “Маркетинг алатка #10”

„Маркетиг алатка“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори да го модернизираaт образованието. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите.

FourEyes претставува паметна анкетна алатка наменета за дата ентузијасти. За волја на вистината, FourEyes е прва платформа за анкети која не само што ви овозможува лесно да се направите и испратите убави анкети – туку исто така им дава смисла на вашите одговори за вас.

Секој основач на стартап знае колку се есенцијални повратните информации од клиентите за успехот на нивниот стартап. Но, за разлика од физичките “brick and mortar” бизниси, кај онлине бизнисите, вие не сте во можност да им ги видите лицата или пак да ги прашате лице-во-лице што мислат. Вашиот стартап, како и останатите од оваа категорија, мора да се потпираат целосно на неефикасни методи како праќање на масовни mail-ови, надевајќи се дека ќе добиете повратни информации.


Популарни курсеви:

„Фото Старт: Почетен курс по професионална фотографија”

„Како да креирате CV кое ќе ве вработи“

„Storytelling: Како да пишувате за странски медиум“


FourEyes нуди елегантно решение за овој проблем. Моментално во бета верзија, овој сајт ќе им овозможи на корисниците да креираат лесни анкети (користејќи drag and drop функционалности) каде што ќе можат да ги поставуваат вистинските прашања користејќи едноставни или посложени форми.

Откако анкетата ќе биде направена, нејзиното испраќање е едноставно како и закачување на контакт листа. Доколку не сакате да ја пратите веднаш, постои можност истата да биде испланирана за подоцна без никакви проблеми.

FourEyes

Но, вистинската забава со FourEyes доаѓа подоцна, откако резултатите ќе почнат да ви пристигнуваат. Наместо само да ви дава листа со бројќи, FourEyes прави сериозно “копање” низ податоците и пронаоѓа релации помеѓу различни варијабли во вашата анкета за кои никогаш не би помислиле дека постојат со цел да се поттикне раст на компанијата.

Дали ви напоменав дека оваа алатка е бесплатна?!

FourEyes претставува одличен ресурс за блогери и новинари кој сакаат да ги анкетираат нивните следбеници. Па, дали сте љубопитни да дознаете што вашите читатели читаат? Стартувајте го FourEyes и дозволете да работи за вас.

Сакате да добивате известувања за бесплатните курсеви: Регистрирајте се тука

Среќно
brainster.co заедницата

Related Stories For You

Како до 1.000.000€? 🤫