Aко прашате еден искусен програмер од каде да започнете во веб светот, со сигурност ќе ви каже дека основното разбирање на веб развој и програмирање започнува со HTML. A неминовно каде и да сте слушнале или прочитале за HTML, она што следно се спомнува е CSS.

Што е HTML, а што е CSS?

Овие две технологии визуелно најлесно може да се замислат во вид на човек: HTML кодот е скелетот, а CSS фајлот кој се линкува со него е телото и облеката.

sceleton HTML

Source: tutorial.techaltum

HTML (HyperText Markup Language) е стандарден маркирачки јазик за веб-сајтови кој дава структура на содржината со дефинирање на таа содржина како: наслови, параграфи, слики и слично.
CSS (Cascading Style Sheets) е јазик за презентација создаден да го стилизира надворешниот изглед на содржината на веб сајтот, на пример фонтови и бои.

Секоја страница на која сме сведоци на интернет, е напишана со користење на некоја верзија на HTML код. А за тој HTML код да стане визуелно привлечен за најдобро можно корисничко искуство, тука е CSS.
Додека пребарувате низ алтернативните дизајни за страницата, имајте на ум дека секој дизајн го користи истиот HTML! Единственото нешто што се менува од дизајн до дизајн е CSS-датотеката. Ова е одличен пример за тоа што може да се постигне со користење на CSS фајл за брза и ефективна промена на изгледот на веб-страницата.

Поседувањето основни HTML и CSS знаења овозможува полесна транзиција кон надоградување со други компјутерски технологии како PHP, JavaScript, SQL и многу други.

HTML CSS JSSource: html-css-js „Како се надоврзуваат еден со друг HTML, CSS и JavaScript“

А што е со учењето?

HTML и CSS се лесни за учење

Од сите програмски јазици, HTML и CSS се најлесните програмски (поточно маркирачки/презентациски) јазици за учење, а за да започнете немате потреба од претходно знаење или диплома по компјутерски науки.
Учење да користите HTML и CSS ќе ви овозможи да:

-Подобро го разберете веб програмирањето
-Креирате веб-страници
-Започнете со кариера во Веб Девелопмент
-Лесно се надоградувате со знаења во други јазици и технологии
-Добро заработувате (откако ќе ја додадеш оваа вештина во портфолиото)

Доколку веќе ти дадовме доволно причини да започнеш веднаш и да го напишеш твојот прв код,  резервирај си место на Академијата за програмирање на Brainster!

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА