The power is in the numbers а истите се во полза на WordPress. Скоро една третина од сите интернет страници кои функционираат во моментов се направени во WordPress, а како платформа за управување со содржини (CMS) е на убедливо прво место со над 75% од пазарот (за споредба Joomla која е на второ место има удел на пазарот од само 9%). WordPress е исто така и најбрзо растечка платформа за е-трговија. WooCommerce, најпопуларниот плагин за онлајн трговија, моментално стои позади повеќе од 1,4 милиони интернет продавници.
На бесплатното онлајн предавање „Основи на WordPress“ на 18ти ноември, Давид Шојиќ ќе те запознае со основите на платформата и ќе ти покаже како да инсталираш WordPress на сервер, како да инсталираш бесплатна тема и како да го креираш и објавиш твојот прв блог пост. Пријави се за вебинарот тука и започни креирање на твојата прва веб страна.
Постојат многу одлични причини зошто WordPress е толку популарен. Доста е лесен и интуитивен за користење. Буквално не е потребно никакво предзнаење или разбирање во програмски јазици за да може брзо и лесно да се создаде целосно функционална веб страница. WordPress е исто така целосно бесплатна и отворена платформа. На нејзино подобрување константно работат WordPress ентузијасти од цел свет кои се дел од една од најголемите програмерски задници. Бидејќи платформата е отворена и бидејќи на неа работат волонтери од цел свет истата е локализирана на голем број јазици, вклучувајќи и македонски, што го прави уште полесен за корисници.
Без разлика каков ти е бекграундот, сега е вистинското време да почнеш да учиш WordPress. Доколку имаш сопствен бизнис, на оваа платформа можеш брзо и лесно да си создадеш и одржуваш сопствен сајт. Имаш идеја за онлајн продавница, преку WordPress можеш да ја создадеш за неколку дена. Ако си маркетер, можеш конечно да му кажеш збогум на нереално скапиот Instapage и да си креираш поелегантни и поефикасни лендинг страници.
Давид Шојиќ има седум годишно искуство со WordPress и моментално работи како девелопер во WebPigment. Активен член е на локалната заедница WordPress Macedonia. Неговите почетоци со платформата беа сосема случајни.
„Со WordPress почнав сосемa случајнo. Пред неколку години, на брат ми му требаше блог сајт за негово интернет радио. Ме замоли да го разгледам и „расчепкам“ убаво WordPress и да му направам страница. Иако претходно имав слушано за WordPress, никогаш не сум го разгледал добро, односно, сè до тој момент никогаш немав изработено било каква веб страна.
Откако се потрудив да ја сфатам и разберам платформата и го поставив сајтот, ми стана интересно и ме заинтригира што понатаму можам да правам овде, па оттука започнува и моето работење со WordPress. По некое време се охрабрив и отворив профил на Elance (сегашен Odesk) и почнав да работам како freelancer.“