Сигурно веќе имаш слушнато за WordPress. Ова е, моментално најголема бесплатна open-source платформа кој се користи за креирање и уредување на веб страни. Со неколку кликови и инсталирање на додатоци, пред тебе е работна околина која можеш да ја уредуваш, менуваш и прилагодуваш според замислата за твојот бизнис или проект. 

Функционирањето и користењето на оваа платформа, освен што е бесплатно, e и целосно поддржано од голем број на WordPress девелопери кои ја формираат една од најголемите заедници ( WordPress Community ) како во нашиот регион, така и пошироко. 

Најдобриот пристап за учење и совладување на работниот простор во WordPress e практично да ги испробаш и искликаш сите блокови и подменија. Па така, на курсот за WordPress во Brainster кој го имавме неодамна, како прва задача за учесниците беше да изработат веб магазин со различни блокови и содржини. 

Со соодветно одбрана тема, инсталација на плагини, внесување и прилагодување на содржината го постигнавме посакуваниот изглед. По третиот ден од курсот целосно го ресетиравме сајтот. Започнавме одново и паралелно со инструкторот да креираме реплика од страницата на познатиот инди-рок бенд Arctic Monkeys.

Навидум уредувањето во Dashboard-oт изгледаше лесно, но потребно беше да се посвети големо внимание на деталите и уредувањето во самите блокови. Токму овие работи ја „размрдаа“ динамиката на групата, па секој од учесниците се трудеше да задржи чекор со другите. 

За шест дена колку што траеше и курсот, успеавме да рекреираме две функционални веб страни – еден веб магазин и официјална страница за рок бенд.  Ако си почетник и не знаеш ништо за WordPress, ќе ти биде интересно сознанието дека потребното време на инструкторот за да ја направи страницата на Arctic Monkeys беше нешто помалку од еден час, а додека учесниците, со интензивна работа и под менторство на инструкторот успеајa комплетно да ја завршат за три-четири дена.  

Преку виџети,слајдери,блокови и мапи…дојдовме до целосниот изглед на страната. Најбрзите кои ја средија страницата, како  мотивација плус и награда за сработеното, ќе имаат можност да се запознаат со основите на програмирањето на pop-up курсот – Вовед во HTML и CSS, затоа што секогаш е добро е да си го познаваш кодот во позадина 😉

Еве како изгледа сајтот на Владимир, учесник кој немаше никакво предзнаење со WordPress пред курсот и кој прв успеа да ја среди страницата за Arctic Monkeys – види👉 овде. 

Побарувачката за работа како WordPress девелопер е голема, а работата во WordPress е мошне креативна затоа што е склоп на дизајн, маркетинг и малку програмирање. Како за податок, еден почетник-фриленсер и јуниор WоrdPress девелопер изработува страница која достигнува почетна цена од 200-300 евра по проект, според статистиката на неколку фриленс платформи за работа. 

Доколку имаш идеја за креирање на некој твој сајт, тогаш е вистинско да научиш да работиш во WordPress. Провери кога е наредниот курс на 👉brainster.co