„Маркетиг алатки“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница каде што секој ќе може да учи и да сподели практични вештини. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите.
Доколку не сте дизајнер и немате креативен дух, создавањето на нешто убаво на интернет е скоро невозможно. Па дури и да сте, креирањето на нешто убаво може да биде навистина тешко. Ако на ова додадеме дека содржината (вклучувајќи ја и визуелната) игра огромна улога во денешниот современ маркетинг, ќе ви стане јасно зошто оваа вештина е особено значајна. Што може еден основач на компанија кој не е дизајнер да направи нешто во врска со тоа?
Популарни курсеви:
- “Новинарство базирано на податоци” – Дона Џамбаска
- “ПАТОТ НА КУПУВАЧОТ (затворање на продажба во 5 чекори)” – Петар Лазаров
- „Storytelling: Како да пишувате за странски медиум“ – Нина Николиќ
За почеток, можете да го посетите LiquidBlox, сајт кој им помага на луѓето да креираат убава визуелна содржина која можете да ја објавите онлајн. Иако е сеуште во бета, LiquidBlox им овозможува на корисниците да креираат брошури, каталози и списанија дури и да немаат искуство со кодирање или дизајнирање. Секоја публикација е респонзивна на било кој уред, е Google-friendly, имате аналитика од Google Analytics и е 100% вградлива (embedded).
Со опциите кои ги нуди ова решение, креирањето на убави онлајн публикации, не било никогаш полесно – но и никогаш поефтино. LiquidBlox ви нуди бесплатен пакет кој што ви овозможува да креирате неограничен број на онлајн публикации со лимит на 3 страни по публикација и максимум 30 страни. Овој бесплатен пакет ќе го има и LiquidBlox брендингот на сите публикации. Но од друга страна, можете да го имате и Бизнис пакетот за само 35 американски долари месечно кој доаѓа со неограничен број на публикации и страни, Google Analytics, автоматска библиотека, без LiquidBlox брендинг итн.
Од страна на Web Summit, оваа алатка е наречена MailChimp за списанија! Причина?! До сега, единствениот начин за да постирате содржина во форма на списание беше или преку PDF формат или преку flip page апликациите. И двете солуции имаа проблем со респонзивноста, споделувањето и аналитиката. LiquidBlox нуди едноставно решение преку кое се овозможува публикација на списанија и слична содржина со одлично корисничко искуство за многу брзо време.
LiquidBlox претставува одлична опција за луѓето кои се заинтересирани да креираат убава визуелна содржина и секако основачите кои сакаат да се осигураат дека содржината што ќе ја креираат ќе биде колку што е можно поубава.
Сакате да добивате известувања за бесплатните курсеви: Регистрирајте се тука
Среќно,
Brainster заедницата