Собирате храброст да отворите свој старт-ап, меѓутоа имате еден куп прашања кои не знаете каде да ги адресирате? Или пак сакате да помогнете некому со тоа што ќе споделите искуство или совети за првите чекори во претприемништвото..
Доколку се пронајдовте во овие реченици ви препорачуваме да го посетите вебсајтот StartupsAnonymous. Ова е заедница каде основачите на стартапите, вработените и инвеститорите имаат можност да ги споделат своите искуства, препораки, совети, прашања и да се информираат за сите настани од оваа област.
Нешто како AA за стартапи 🙂

startups

Многу често е тешко да најдете луѓе кои се подготвени да ви раскажат отворено за нивните несупеси и потешкотии при отпочнување на стартап. StartupsAnonymous нуди чувство на сигурност и на тој начин им дава повеќе слобода на корисниците да ги споделуваат своите искуства. Секако дека постои опција да се идентификувате – и вие и вашиот бизнис, доколку сакате јавно да го искажете вашиот став.

question

 

Доколку сакате да се приклучите кон оваа заедница, потребно е да креирате профил и потоа да поставите прашање, да дадете одговор или да споделите искуство. Вашата порака ќе биде објавена само доколку е во согласност со основните стандарди на StartupsAnonymous. Оваа заедница работи на принципот на донации, па така можете да учествувате со одредена сума на парични средства доколку сакате да им дадете поддршка а вие да имате место каде и понатаму ќе останете во контакт со стартап ентузијасти.

 

„Стартап алатки“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница каде што секој ќе може да учи и да сподели практични вештини. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите.

Среќно,

Brainster заедницата

Related Stories For You

Како до 1.000.000€? 🤫